|
|
|||
| Градската црква во Штип | |||
|
|||
| Локација | |||
|---|---|---|---|
|
Координати : 41°44′45"N, 22°11′45"E |
|||
| Општи податоци | |||
| Име | Штип | ||
| Поштенски код | 2000 | ||
| Повикувачки број | (+389) 032 | ||
| Автомобилска ознака | ŠT | ||
| Официјално мрежно место | http://www.stip.gov.mk/ | ||
| Историја | |||
| Стари имиња | Астибо Стипеон |
||
| Управа | |||
| Држава |
|||
| Општина | Штип | ||
| Градоначалник | Панде Сарев (СДСМ) | ||
| Географија | |||
| Површина | 13,5 km² | ||
| Надморска височина | 340 m | ||
| Население | |||
| Густина | 82 ж./km² (2002) | ||
| Етнички групи | Македонци | ||
Штип е град во источниот дел на Република Македонија, во долината на реката Брегалница. Според пописот на населението од 2002, градот имал 40.016 (43.625) жители. Штип е и седиште на Штипската Општина и срце на источниот дел на државата. Штип е еден од најстарите градови во Македонија.
Содржина |
Денешното име на градот потекнува од Словените. Во пишани документи, името Астибо за прв пат го споменува античкиот хроничар Полиен во 3 век пр.н.е, кој известува дека во реката Астибо (денешна Брегалница), биле крунисувани пеонските кралеви. Градот е забележен и во Табула Пеуттингемиана (античка карта од 4 век) како населба, една од станиците на патот за Стоби-Пауталија (Ќустендил) – Сердика (Софија). Штип се спомнува во 1 век од н.е., во време на римскиот цар Тибериј (14-37 година) како пеонскиот град Астибо и се вбројува меѓу поголемите и позначајни старопеонски градови во источна Македонија. Научниците го лоцираат Астибо на просторот од денешниот стар дел на градот Штип.
Штип постоел и во времето на Самуиловото Царство, а подоцна го освоиле Византијците. Во 9 век бил под бугарска власт, а по битката кај Велбужд (Ќустендил) потпаднал под српскиот владетел Стеван Дечански. Во 1382 година подрачјето потпаѓа под власт на Османлиската Империја.
При крајот на 19 век, во дворот на црквата “Света Богородица“ во Ново Село предавал Гоце Делчев, идеологот на македонското национално ослободително движење. Единиците на НОБ го ослободуваат на 8 ноември 1944 од бугарска окупација.[1]
Штип се наоѓа на површина од 810 km2, на надморска височина од 300 m. Поделен е на многу маала, меѓу нив се Леваците и Деснаците, ситуирани на левата и десната страна од горниот тек на реката Отиња. Отиња тече низ центарот на Штип и го дели на два дела, пред да се влие во реката Брегалница во јужниот дел на градот, во Штипско Ново Село. Штипско Ново Село е во јужниот дел на градот, и продолжува во Кежовица маало, кое се простира до Кежовица минералните геотермални извори.
Центарот се наоѓа помеѓу трговскиот центар и градската црква. Исарот е маало на падините на истоимениот рид. Во маалото Раданскиот пат, претежно живеат припадници од Ромска народност. Од останатиот дел на градот од постарите маала се и Стар Конак и Кадидере. Од поновите маала изградени претежно по Втората светска војна се Осми ноември (според денот на ослободувањето), Сењак (1-4), Пребег, Дузлак и други.
Според пописот од 2002 година, градот Штип (без Ново Село) имал 40.016 жители од кои:
Заедно со Ново Село, кое е едно од најстарите маала, и за време на турското владеање било единствен дел од Штип каде живееле Македонци, додека во останатиот дел од Штип живееле претежно Турци, Власи и Евреи, градот Штип брои 43.625 жители од кои 38.323 (87,85%) се Македонци. Во 1820 година, Штип имал 5,000 жители, а во 1850, 20,000 жители.[2]
Градот Штип во минатото и денес важи за град - центар на текстилната индустрија во Македонија и вработува околу 6,000 луѓе. Некогашните текстилни комбинати-гиганти како „Македонка“ и „Астибо“ по распадот на СФРЈ и паѓањето во стечај, денес се поделени на повеќе приватни текстилни погони, кои успешно произведуваат производи на домашниот и странските пазари. Во Штип вкупно се регистрирани 4.387 претпријатија.
Во Штип е развиена и чевларската индустрија, во која денес спаѓаат повеќе приватни погони, на местото на некогашниот комбинат „Баргала“. Особено голем е развојот на прехрамбената индустрија која во најголем дел е во приватна сопственост, како што се повеќето приватни масларници (меѓу кои најпозната е „Брилијант“), кондиторски фабрики (за слатки, кремови итн.), млекарници и приватни винарски визби („Имако“ и др.) кои успешно го преработуваат грозјето од штипско-виничкото виногорје. Штип има и четири градежни претпријатија. Во градот има голем број на невработени лица, поранешни работници во текстилните комбинати.[3]
Во Штип се одржува најголемиот фестивал на забавна музика во Македонија, “Макфест“ секој ноември од 1989 година, и настанот Штипско Културно Лето, фестивал кој трае еден месец и се одржува од 1ви јули до 1ви август, почнувајќи од 1987, во културниот центар "Ацо Шопов".[4]. Во гардот има музеј, основан во 1950, дом на млади, културен дом, театар и НУ библиотека “Гоце Делчев“.
Градот има четири основни училишта, ОУ "Димитар Влахов", ОУ „Ванчо Прке“, ОУ „Гоце Делчев“ и ОУ „Тошо Арсов“, шест средни училишта, гимназија „С. Стојменски“, Медицинско СОУ „Ј.Сандански“, Електро-машинско СОУ „К.Нехтенин“, Текстилно СОУ „Д.Мирасчиев“, Музичко СОУ „С.Михајлов“, Средно насочено образование за деца со хендикеп „Искра“ и Универзитет “ „Гоце Делчев“, бо чиј состав влегуваат, рударско-геолошкиот факултет, педагошки факултет, факултет по информатика, економски факултет, факултет по музика, вишо медицинско училиште, правен факултет во Кочани и земјоделски факултет во Струмица.
Штип има еден добро зачуван манастир од 14 век и рушевини од неговиот стар замок кој го надгледува градот од ридот Исар. Безистенот, масивна камена градба која порано била затворен пазар (но сега е уметничка галерија), е остаток од исламското влијание во градот. Во старите делови на градот (и особено во населбата Ново Село) некои куќи се градени по стар македонски стил на архитектура. Градот под Исарот ги има и лековитите сили на бањата Кежовица, како и рушевините на античкиот град Баргала. Градот Штип плени со неговата природна убавина и многубројните архитектурски обележја,кои се доказ дека овој град бил некогашен, а и сегашен центар на источна Република Македоија. Во 2007 година во градот Штип се отвори четвртиот државен универзитет Гоце Делчев, а со тоа градот доби уште една ризница на полето на духовноста и напреднатото високо образование. Во склоп на овој универзитет во моментот има околку 5000 студенти, односно 13 факултети, меѓу кои и факултетот за медицински науки и една висока здравствена школа. Од наредната академска година 2009/2010 година во рамките на овој универзитет во план е отворањето на уште 6 нови факултети, меѓу кои стоматолошки факултет и фармацевски факултет. Штип има големо и важно историско минато, богата култура, образование, развиена текстилна индустрија и други работи кои го обележуваат овој наш источен град кој е центарот на источна Македонија. Градот Штип се наоѓа во непосредна близина со Пробиштип, Кочани, Радовиш, Велес и е центар меѓу овие градови.Исарот е главното обележје на овој град и воодушевува со прекрасната панорама на целиот град и прекрасната, а воедно и единствена аррхитектура.
Штип има различни медиумски установи. Првата приватна телевизија во Македонија, „ТВ Теко“, е формирана во овој град.[се бара извор] Денес се активни телевизиските станици „ТВ Ирис“ и „ТВ Стар“. Штип има и повеќе радио станици, меѓу кои се истакнува „Канал 77“, првата приватна радио станица која моментално има проширена мрежа низ североисточниот дел на земјата. Други поважни станици се "Радио Штип" и ромската станица „Радио Черења“. Во градот се печати локалниот весник, „Штипски Весник“.[5][6][7]
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Стар Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History