| Трајко Китанчев | |
| македонски револуционер и општественик од Бугариjа | |
| Роден | 1 септември 1858 Подмочани, Ресенско, Отоманска Империја |
|---|---|
| Починал | 13 август 1895 Софија, Бугарија |
Трајко Цветков Китанчев (1 септември 1858 - 13 август 1895) бил македонски деец и револуционер, литерат, просветен и општествен работник во Бугарија. Роден е во преспанското село Подмочани.
Содржина |
Своето образование го започнал во бугарското училиштево при црквата Св. Стефан во Цариград, каде што татко му Цветко бил на печалба. Овде започнува неговата животна одисеја - пробивањето во туѓи општествени средини.Подоцна, тој заминува на школолување во Киевската духовна семинарија, па се запишува на правни науки на Московскиот универзитет, но ги прекинува студиите и оди во Бугарија.
Во 1881 година како учител работел во Петропавловската семинарија. Во 1882 година учителствувал во Солунската гимназија каде бил отпуштен поради пројавените симпатии кон македонското дело, Китанчев зедно со Директорот на гимназијата Божил Рајанов побарале поголема автономија за училиштето и се спротиставиле на:
карактерот на образованието и методите на наставата[1]
Во 1883 година се нашол во Пловдив, каде работи како учител, а во 1884 годинан во Габрово. Во учебната 1884-85 година работи во гимназијата во Софија, но работата ја прекинал и заминал на лекување во Виена. Потоа работел како училишен инспектор во Трново.
Во Трново ја започнал својата политичка кариера. Истата година станува редовен член на Бугарското книжевно друштво (денес „Бугарска академија на науките“). По повод убиството на министерот Белчев бил неправедно затворен на тригодишен затвор што ги издржувал по разни затвори. По излегувањето од затвор, повикан од македонската емиграција земал учество во работата на нивното собрание, при што се залага за создавање на единство помеѓу Македонската емиграцијата во Бугарија. Бил близок пријател на Петко Каравелов и Демократската партија и во 1887 година бил избран за пратеник во Народното собрание на Бугарија (IV ОНС, III ВНС, V ОНС и VIII ОНС)[2].
По иницијатива на Млада македонска книжевна дружина на 29 декември 1894 година во Софија се одржал собир на македонската емиграција притоа присуствувале 66 делегати и бил конституиран Македонскиот Комитет (да не се меша со Врховен македонско-одрински комитет, подоцна МК, Младат македонска дружина и Братскиот сојуз ќе го сочинуваат јадрото на идниот Врховен македонско-одрински комитет). На 27 декември 1894 година се формира македонското емигрантско друштво Братски сојуз , а Китанчев кој го одбил претседателствувањето со МК, бил избран за претседател на Братскиот сојузи и започнал со организирање и испраќање на чети во Македонија. Во меѓувреме на 19 март 1895 се одржува І македонски конгрес на македонската емиграција и доаѓа до обединување на македонските друштва во рамките на Македонскиот Комитет подоцна познат како Врховниот македонско-одрински комитет во Софија[3]. Китанчев станува негов претседател и се зафаќа со подготовака на таканареченото Мелничко востание, притоа Китанчев ќе има соработка со бугарскиот премиер Константин Стоилов и со бугарскиот кнез Фердинанд I кои дале подршка за акцијата и која ќе заврши без некој поголем успех. Акцијата на МК била искористено од бугарската влада за законско признавање на Фердинант за кнез на Бугарија и за зацврсување на меѓународната положба на Бугарија како фактор на Балканот.
Трајко Китанчев со својот авторитет ја покривал подготовката на првата престапна авантура на дворот ,која отвора цела ера на врховистички престапи кон Македонија[4]
Трајко Китанчев починал на 1.08.1895 година (по стар стил) од срцев удар на 38-годишна возраст. Според лекарскиот извештај, Китанчев починал на спиење. Притоа прснала аортата точно на нејзинииот спој со срцето. Било откриено заболување на бубрезите и заздрвување на левото белодробно крило. Китанчев бил пронајден следниот ден околу 11 часот од домаќинот на станот[5]
Трајко Китанчев се смета за еден од најбучните врховисти кои ја прифаќаат бугарската политика по однос на самобитноста на македонскиот народ и македонското прашање[6].Сепак има ставови меѓу македонските историчари дека Китанчев без да знае и без да ги разбере намерите на бугарскиот кнез и бугарската влада ја отворил врховистичката ера во Македонија.
Според некои смрта била придизвикана од сознанието дека македонското дело со кое раководел Китанчев е злоупотребено и изманипулирано од бугарскиот кнез. Навистина тоа се случило откако бугарските власти ја затвориле границата и почнале преследување на македонските чети[7]
Тој во црквата Св.Кирил и Методи во празничните денови држeл проповед на чист македонски дијалект, секогаш завршувајќи со паролата Браќа има крај на теглото, на неволјите. Амин! [8] на тој начин револуционерно го подгревал Македонскиот народ во Солун.
Автор е на повеќе дела :
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History