|
|
|||
|
|||
| Локација | |||
|---|---|---|---|
| Стар Дојран на картата на Македонија | |||
|
Временска зона : CET (GMT +1) |
|||
| Општи податоци | |||
| Име | Стар Дојран | ||
| Поштенски код | 1487 | ||
| Повикувачки број | (+389) 034 | ||
| Автомобилска ознака | SR | ||
| Официјално мрежно место | opstinadojran.gov.mk | ||
| Историја | |||
| Управа | |||
| Држава |
|||
| Општина | Дојран | ||
| Градоначалник | Ристо Гушев | ||
| Географија | |||
| Надморска височина | 130 m | ||
| Население | |||
| Население | 1.100 (2002) | ||
Стар Дојран е град во Општина Дојран.
Стар Дојран е една од најпознатите туристички атракции во Македонија. Се наоѓа 5 км јужно од Нов Дојран, кој е поголем и попосетен од туристи, а оддалечен е и неколку километри од Грчката граница. Стар Дојран со Дојранското езеро и прекрасната медитеранска клима, има одлична местоположба. Геолошки карактеристики
Дојранското Езеро и поширокото подрачје лоцирани се во граничните делови на две крупни геотектонски единици, т.е. на границата меѓу српско - македонскиот масив на исток и вардарската зона на запад. Терените на овој регион се изградени од прекамбриски, палеозоиски, мезозоиски горно еогенски и неогенски квартени.
Хидрогеолошките карактеристики на сливното подрачје на Дојранското Езеро се од големо значење за хидролошкиот режим, бидејќи голем дел од водите што дотекуваат и истекуваат од езерото се одвива преку подземен пат. Од досегашните хидрогеолошки истражувања вршени во дојранското подрачје и пошироко, беше изготвено хидрогеолошко толкување и хидрогеолошка карта. Од хидрогеолошкото картирање на РМ, се заснива на литолошко-тектонскиот склоп на теренот, структурата на порозност и филтрациони својства на карпите. Со оглед на критериуми на дојранскиот регион, издвоени се два основни вида на хидролошки средини: 1. Водопропусни кои се поделени во три групи: неврзани квартални седименти, цврсти зелени и слични карпи и карбонатни карпи и 2. Водонепропусни карпи најраспорстранети се: делувијален нанос, беласички гранити, серицит- хлоритските шкрилци, еоценски конгломерати и други.
Од аспект на хидрогеолошките и техноекономските вредности на дојранскиот регион издвоени се 4 вида на аквифери од практично и тематско значење, а тие се : аквифери во езерски седименти, аквифери во пролувијалните седименти, аквифери во мермерите и зона на геотермални води.
Поширокото подрачје на Дојранскиот басен се карактеризира со сложена тектонска градба, создадена во повеќе етапи и фази. Процесите на тие тектонски фази се сочувани со набирања и раседување на различни карпести комплекси. Како поважни етапи се издвојуваат прекамбриската, каледонско - херцинската и алписката. Траги од прекамбриските тектонски движења се јавуваат на Беласица, каде гнајсевите се набрани во антиклинала и во Вардарската зона, преставени со Богданечката антиклинала. Каледонско - херцинската тектонска етапа маркантно е изразена со силно набирање и раседување на палеозоиските карпи издолжени во насока Северозапад-Југоисток. Алписката етапа е претставена со четири тектонски фази, кои и дале главни структурни обележја на Вардарската зона.
Подрачјето на Единицата на локална самоуправа (ЕЛС) Дојран е претежно ритчесто. На западниот брег од езерото се наоѓа височината Калатепе со надморска височина од 691 метар. На северозападниот дел благо се издигнува Асанлиско поле, кое преку с. Николиќ се прелева во плодна котлина. На северозапад над Асанлиско поле се издигнува ридот Боска со надморска височина од 720 м, на исток се падините на Круша Планина, кои многу благо се спуштаат кон езерото при што се создаваат мошне плодни површини. Најнискиот брег е на југ, кај населбата Кара-Дојран во соседна Република Грција.
Во населбата Стар Дојран се наоѓа и Општината Дојран, која покрива неколку населени места, вклучувајќи го и Нов Дојран.
Во Стар Дојран, како центар на општината се наоѓаат неколку административни одделенија:
-Одделение за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;
-Одделение за правни, финансиски, јавни и општи работи, локален економски развој, буџет;
-Одделение - инспекторат со даночно одделение.
|
|||||||
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Стар Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History