Скопје


Скопје
Панорама на Скопје
Панорама на Скопје
Официјално знаме на Скопје
Знаме
Официјален грб на Скопје
Грб
Локација
Локација на Скопје
Град Скопје на картата на Република Македонија

Координати : 42°0′0"N, 21°25′59"E
Временска зона : CET (GMT +1)
- лето : CEЛT (GMT +2)

Општи податоци
Име Скопје
Поштенски код 1000
Повикувачки број (+389) 02
Автомобилска ознака SK
Светци заштитници Св. Богородица
Официјално мрежно место skopje.gov.mk
Историја
Стари имиња Скупи
Управа
Држава
Република Македонија
Општина Скопје
Број на општини 10
Градоначалник Коце Трајановски
Географија
Површина 1.818 km²
Надморска височина 240 m
Население
Население 506.926 (2002[1])
Густина 3,603 ж./km² (2002)
Старо Скопје - Офицерскиот дом на главниот плоштад (тогашен Трг Краља Петра). 1920-тите

Скопје е главен град на Република Македонија, а воедно претставува административно политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот полуостров распространет на бреговите на реката Вардар.

Содржина

Име

Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи (латниски: Scupi).

Името на градот Скопје има различна транскрипција на различни јазици и култури. Градот е познат како Shkupi на албански, Scupi на латински, Скопье на руски, Σκόπια на грчки, Scoplie на романски јазик, Üsküp на турски.

Историја

Најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци тврдат дека Скопје е населен уште од 4 000 г.п.н.е.[2] Скопје за прв пат во документи се споменува од Клаудиј Диоломеј под древното име Скупи. Името Скупи (колиба, засолниште, стреа) за прв пат се јавува кај Пајонското племе Агријани, кои живееле на овие простори.

Според историските податоци, во времето на императорот Октавијан Август, од 13-та до 11-та година пред нашата ера, Скупи од логор (каструм) на двете Македонски легии - 5-та Македонска и 4-та Скитска легија прераснал во град.

Подоцна во 84 или 85 година императорот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп.

Во византиските документи градот е забележан како Скопиа, а Словените го означувале и како Скопие, Скопје, Скопље. За време на владеењето на цар Самоил, Скопје станува дел од Самоиловото царство. Во подоцнешниот период градот подпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари 1392 градот го зазеле Османлиите и го добил името Ускуп.

На 25 и 26 октомври 1689 година градот го освоил Австро-унгарскиот генерал Силвио Пиколомини кој подоцна го запалил Скопје поради епидемија на чума и за да не им остави ништо на непријателите. Градот горел цели два дена и бил скоро целосно уништен.

Во 19-от век Скопје станува важен сообраќаен центар и во него цвета занаетчиството. На 25 октомври 1912 година по 520-годишно владеење Османлиите го напуштаат Скопје, а веќе наредниот ден влегува Моравската дивизија на српската војска со што градот потпаѓа под српска власт.

За време на Првата светска војна Скопје се наоѓа под окупација на Бугарските и Австро-унгарските сили, а по завршување на војната станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и останува во градот се до 9 септември 1944. На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од германската фашистичка окупација.

По ослободувањето од фашистичкиот окупатор на 13 ноември 1944 година, градот брзо се развива и станува индустриски, културен и административен центар на Социјалистичка Република Македонија која е во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Географски податоци

Скопје се наоѓа на 21° 26' источна географска должина и 42° северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 240m. Се простира на 1818 км² во широчина 9 км (Водно-Радишани) и во должина 23 км. (Драчево - Ѓорче Петров). Градското подрачје зафаќа површина од 225 км².

Климата во Скопје ја карактеризира средна годишна температура од околу 12,4°C. Летата се долги суви и жешки, а зимите ладни со многу магловити денови. Низ скопската котлина протекуваат реката Вардар со своите притоки: Треска, Пчиња, Маркова река, Лепенец и Кадина река. Скопската котлина ја опкружуваат планините: Водно, Караџица, Осој, Жеден и Скопска Црна Гора.

Скопски населби и маала

Видете: Скопски населби и маала

Податотека:Map skopje.jpg
Територијална организација на Скопје

Територијална организација на Скопје

Главна статија: Град Скопје

Во градот Скопје има 10 општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари. Според бројот на жители, најголема општина во град Скопје е Гази Баба со 72.617 жители, а најмала е Шуто Оризари со 20.800 жители. Според површината, најголема општина во градот Скопје е Сарај со 229 км², а најмала е Чаир со 3,5 км².

Население и демографија

Според новата територијална организација (припојување на општините Сарај и Кондово) градот Скопје има 506 926 жители (66,75% Македонци) меѓутоа околу 15% од тоа претставува селско население поради големиот број на села во составот на Општина Сарај.

Но според старата поделба градот Скопје има 467 275 жители (71,22% Македонци) од кои 94% живеат на градското подрачје на Скопје.

Од гледна точка на демографските движења на населението Скопје има позитивна популациона слика. Населението на градот се постојано зголемува пред се поради големиот број доселувања (најчесто од градовите и селата од внатрешноста на Македонија) и поради наталитетот. Мора да се спомене дека како и во целата земја и во Скопје бројот на раѓањата (наталитетот) драстично опаѓа меѓутоа како најголем и најразвиен град во државата стапаката на раѓање сепак е највисока. Доселувањата во Скопје се во постојан подем и континуитет од крајот на Втората светска војна. Луѓето денес во Скопје пред се се доселуваат поради стопанско - економски причини или поради продолжување на своето образование. Светец заштитник на градот Скопје е Св. Богородица.

Јавен превоз

Јавниот превоз во Скопје се одвива со такси и автобуси. Постојат приватни и државни превозници, од кои неспоредливо најголем превозник е ЈСП-Скопје кој го покрива целиот град и неговата поширока околина.

Туристички локации

Места од интерес за туристички разгледувања се:

  • Камениот мост, на реката Вардар кој е симбол на Скопје. Бил изграден во 15-тиот век и бидејќи е во централниот дел на градот, тој преставува врска помеѓу новиот и стариот дел.


  • Тврдината Кале. Првите ѕидини биле изградени на истото место, во почетокот на 6-ти век. Калето доминира над левиот брег на реката Вардар со поглед на стариот дел на Скопје.
  • Православната црква Св. Спас, во стариот дел од градот била изградена во 19-тиот век. Иконостасот содржи прекрасни дрвени резби, изрезбани од мијачките резбари Петре и Марко Филиповски и Макарие Фрчковски. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на најголемиот македонски револуционер на 20-тиот век - Гоце Делчев.
  • Даут-пашината бања изградена во 15-тиот век како јавна бања. Се наоѓа на влезот на старата скопска чаршија и од 1948 година е адаптирана во уметничка галерија.
  • Соборниот храм Св. Климент Охридски. Таа се наоѓа во центарот на градот на десната страна на реката Вардар. Соборниот храм беше осветен во 1990 година.
  • Старата железничка станица, завршена во 1940/41 година. Своевремено една од најубавите железнички станици на Балканот. Часовникот на предната страна е застанат на 5:17 минути изутрина, моментот кога Скопје го погоди катастрофален земјотрес. Сега во зградата се наоѓа Музејот на град Скопје.
  • Милениумскиот крст, се наоѓа на врвот на планината Водно непосредно над градот. Крстот е направен од челик со висина од 67 м и распон на краците од 46 m. Подигнат е по повод 2000-годишнината од раѓањето на христијанството.
  • Местото на родната куќа на познатот светски хуманитарец, Мајка Тереза близу поштадот „Македонија“.
Местото на родната куќа на познатиот светски хуманитарец, Мајка Тереза
  • Во близина на градот Скопје, покрај патот Скопје-Качани се наоѓа стар Аквадукт изграден од камен и тули со 55 лакови што се потпираат на масивни столбови.Тој служел за донесување вода до античкиот град скупи кој се наоѓа во непосредна близина до Скопје.
  • Улицата Македонија која е со прекрасна архитектура и каде што се наоѓа феудралната кула која Што денес е музеј.
  • Градцкиот ѕид кој е изграден после земјотресот во 1963 и кој е проектиран од познатиот Јапонски архитект Кензо Танге.Тој го обиколува центарот на градот од десната страна на реката Вардар.Кензо Танге истотака проектирал уште многу други градби кои не се реализирале.
  • Куршумли ан датира од 16 век и се наоѓа во старата чаршија . Тоа е еден од најубавите локалитети во Скопје.Курсумли ан во минатото се користел како бања каде сто се бањале голем дел од населението.

Скопски земјотреси

За прв пат градот е разурнат во катастрофалниот земјотрес на 28 април 518 година. По земјотресот Скупи веќе не се споменува, а скопската котлина добива нов град со името „Јустинијана Прима“.

Во 1555 година градот повторно е разурнат од катастрофален земјотрес, но набрзо е обновен и станува турско воено упориште. Во 16-от и 17-от век Скопје е најголем и најбогат град во европскиот дел на Османлиската империја.

Во почетокот на ноември 1962 поради обилни дождови, реката Вардар го поплави Скопје. Поплавени беа околу 5000 куќи. Поплавата беше предвесник на една поголема трагедија неколку месеци подоцна.

Железничката станица непосредно по земјотресот

Земјотресот од 1963

Повеќе информации: Скопски земјотрес

На 26 јули 1963 година во 5:17 часот Скопје беше разурнато од земјотрес со 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала). Под урнатините животот го загубија 1 070 негови граѓани, беа повредени над 4 000 граѓани. Повеќе од 90 отсто од зградите во градот беа урнати и над 20 000 граѓани оставени без покрив над главата.

По земјотресот градот почна да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата Железничка Станица, денес е музеј на градот Скопје и симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

Првата помош за граѓаните на Скопје дојде од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започна да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратија некаква помош во Скопје кои помогнаа тој да се изгради повторно, и поради тоа градот го носи и епитетот „Град на солидарноста“.

Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнаа американски и советски воени сили кои заеднички им помагаа на скопјани.

Познати личности

Збратимени градови

Скопје е збратимено со следниве градови[3]:

Видете исто така

Извори

  1. Официјален портал на Град Скопје
  2. http://www.skopje.gov.mk/EN/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=46
  3. http://www.skopje.gov.mk/EN/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=69 Збратимени градови на Скопје
  4. Дрезден - Партнетски градови. © 2008 Landeshauptstadt Dresden. http://www.dresden.de/en/02/11/c_03.php. Пребарано на 29 декември 2008. 
  5. „Збратимен градови на Инстанбул“. http://www.greatistanbul.com/sister_cities.htm. Пребарано на 8 септември 2007. 
  6. Erdem, Selim Efe. „İstanbul'a 49 kardeş“, Радикал, 2003-11-03. (на турски) “49 збратимени града во 2003”

Надворешни врски






Одлична статија Статијата Скопје ги исполнува нашите стандарди за квалитет и претставува избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија.






stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History