Ресен


За други значења на поимот, видете Ресен (појаснување).
Ресен
Официјален грб на Ресен
Грб
Локација
Локација на Ресен
Ресен на картата на Македонија

Временска зона : CET (GMT +1)
- лето : CEЛT (GMT +2)

Општи податоци
Име Ресен
Поштенски код 7310
Повикувачки број (+389) 047
Автомобилска ознака OH
Официјално мрежно место resen.gov.mk
Историја
Управа
Држава
Република Македонија
Општина Ресен
Градоначалник Димитар Бузлевски
Географија
Надморска височина 885 m
Население
Население 8.748 (2002)


Ресен е општински центар и мал град со 8848 жители (попис 2002). Општината Ресен е расположена во југозападниот дел од Република Македонија во Преспанската котлина. Опкружена е со високи планини. Баба од источната страна, Галичица од Запад, Бигла од северната страна. Локалната власт, деловни и важни институции се ситуирани во Ресен. Преспанското Езеро, националните паркови Галичица и Пелистер му даваат на регионот посебна убавина. Преспанското Езеро е второ по големина во Република Македонија. Сместено е на јужната страна од Преспанската котлина помеѓу планините Галичица и Баба 835 m надморска висина. Културата во Преспа датира уште од Неолитот. Виа Игнација поминувала низ котлината за време на Римската Империја. Постојат голем број на споменици на уметноста во регионот. Најпопуларен е манастирот во Курбиново изграден во 1191 год. Грнчарството е развиено во Преспа уште во минатото и сеуште е присутно благодарение на Ресенската Kерамичка Колонија. Керамичката Колонија претставува дом за многу светски познати грнчари одсекаде, за време на летниот период, секоја година.


Содржина

Население

Стара полихромирана снимка на сарајот (дворецот) на Нијази-бег во кој денес се наоѓаат Домот на културата „Драги Тозија“ и Ресенската Керамичка Колонија

После 1385 година Преспа како и цела Македонија потпаѓа под турското - османлиско ропство. Од тој период во градот Ресен и селата јужно од него се доселува турско население. Во 18 век турските феудалци од албанско потекло, почнале да населуваат и албанско население. Покрај нив во Преспа се спомнува и власите како посебен ентитет.


Според последниот попис од 2002 година, Ресен брои 8748 жители, од кои:

  • Македонци 7,011 - 80,14%
  • Турци 1.119 - 12,79%
  • Албанци 205 - 2,34%
  • Роми 169
  • Срби 58
  • Власи 18
  • останати 178

Историја

Во антиката просторот на Преспа бил населен од горно-македонското племе Орести. При Филип II тие се цврсто споени со македонската држава.

За време на Римската империја низ Преспа поминувал познатиот староримски пат „Виа Игнациа“. Покрај него биле изградени повеќе населби и попатни страници. Една од нив била Скиританија, на чие место подоцна израснала словенската населба Ресен.

Во 6 и 7 век во реонот се населува словенското племе Брсјаци.

Прв пат Ресен се спомнува како средновековна населба во една повелба на Душановиот законик од 1337 год, под името Росне.Во еден попис од 16 век населбата е регистрирана како Ресне. За време на владеењето на Стефан Душан (14 век) истотака како населби се спомнуваат и Јанкоец, Љубојно, Наколец, Нивици, и Глобочани и самата област Преспа (рибари од Преспа). Во 18 век со развојот на трговијата и занаетчиството Ресен прераснува во мала градска населба.

За време на фашистичката окупација, Преспа доживува уште едно распарчување. Северниот дел со градот Ресен потпаднал под бугарска окупација,а делот јужно од Ресен под италијанска окупација и приклучен кон т.н. Голема Албанија.

Уште во 1941 год комунистите од Преспа ги започнаа подготовките за оружена борба против окупаторите. Пролетта 1942 беа формирани првите партизански групи, а на 6 јули 1942 год над с.Златари бил формиран Битолско- преспанскиот партизански одред "Даме Груев". На 2 август 1943 во непосредна близина на с.Отешево било одржано познатото Преспанско советување, на кое присуствувале членовите на ЦК на КПМ главниот штаб на НОВ и ПОМ.Тука биле донесени важни одлуки за понатамошниот разгор на востанието во Македонија. Голем број преспани активно учествуваа во повеќе единици на НОВ на Македонија. Дефинитивно Преспа своето ослободување го дочека на 11 септември 1944 год. Во единиците на НОВ и партизанските одреди од Преспа учествувале 1902 борци. Од нив носители на "Партизанска споменица 1941" биле 29 борци. Поетот Мите Богоевски ,бил прогласен за народен херој. Во борбите за ослободување на Македонија загинале 128 борци. Поистакнати команданти и раководители од Преспа се: Наум Веслиевски - Овчарот, Мите Трповски-Војводата, Цветко Узуновски-Абас и мн.други.

Познати личности од Ресен

  • Андреј Љапчев - бугарски политичар и државник
  • Кирил Миљовски - македонски револуционер, академик, општественик и прв ректор на Универзитетот во Скопје
  • Мите Богоевски - македонски национален деец и поет
  • Нијази-бег
  • Симеон Радев - бугарски публицист, историограф и дипломат
  • Стрезо Стрезовски - македонски академик
  • Христо Татарчев - основоположник и претседател на Македонската револуционерна организација во Солун

Надворешни линкови









stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History