Оваа страница е заштитена од понатамошни измени на анонимни корисници, поради сомнителни придонеси на анонимни корисници кои треба да се дискутираат на страницата за разговор.
За да ги видите претходните верзии, кликнете на врската историја.
| Република Македонија | ||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Химна: Денес над Македонија |
||||||
|
Локација на Македонија (портокалова)
in на европскиот континент (бела) — [Легенда] |
||||||
| Главен град (и најголем град) |
Скопје 42°0′N, 21°26′E |
|||||
| Официјални јазици | Македонски1[1] | |||||
| Демоним | Mакедонец | |||||
| Облик на управување | Парламентарна Република | |||||
| - | Претседател | Ѓорге Иванов | ||||
| - | Премиер | Никола Груевски | ||||
| Независност од | Југославија | |||||
| - | Објавена независност | 8 септември 1991 | ||||
| - | Официјално призната | 8 април 1993 | ||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупно | 25.713 km² (148ма) | ||||
| - | Вода (%) | 1,9% | ||||
| Население | ||||||
| - | проценка за 2009 | 2.114.550 (142ра) | ||||
| - | попис од 2002 | 2.022.547 | ||||
| - | Густина | 82,2/km² (116та) | ||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2007 | |||||
| - | Вкупен | $17,396 билиони[2] | ||||
| - | На жител | $8.490[2] (IMF) | ||||
| БДП (номинален) | проценка за 2007 | |||||
| - | Вкупен | $7,685 билиони[2] | ||||
| - | На жител | $3,750[2] (IMF) | ||||
| Џини (2004) | 29.3 (низок) | |||||
| ИЧР (2005) | ▲ 0,808 (висок) (68th) | |||||
| Валута | Македонски денар (MKD) |
|||||
| Временска зона | ЦЕВ (UTC+1) | |||||
| - | Лето (ЛСВ) | ЦЕЛВ (UTC+2) | ||||
| Се вози од | десно | |||||
| Интернет домен | .mk | |||||
| Повикувачки број | [[++389]] | |||||
| 1 | Албанскиот се зборува во голема мерка во западниот дел на државата. Во некои делови се зборува и турски, српски, ромски и аромански. | |||||
Македонија е европска држава во централниот дел на Балканскиот Полуостров со главен град Скопје. Територијата на Република Македонија претставува околу 38% од територијата на областа Македонија. Македонија на исток граничи со Бугарија, на север со Србија (и Косово), на запад со Албанија и на југ со Грција.
Содржина |
Иако Република Македонија се здобила со независност во 1991 година, археолошките докази покажуваат дека на просторот на Македонија постоела цивилизација уште од периодот меѓу 7000 п.н.е. и 3500 п.н.е.[се бара извор] Античките Македонци веројатно биле првите што развиле државна организација на овие простори[се бара извор]. Првпат Македонското Царство се јавува во периодот на IX век п.н.е. и за први македонски цареви се сметаат Каран и Пердика I.
Приближно од V век п.н.е. Македонија станува значаен политичко - економски чинител во поширокиот регион, а нејзината главна надворешно-политичка дејност била сосредоточена кон односите со Грчките градови-држави, при што често била сојузник со други држави (како на пр. Персија) против Грците, или пак заземала страна во некои од меѓусебните спорови на градовите, настојувајќи на тој начин да го уништи нивното единство и да ги ослаби. Филип II Македонски (359-336 п.н.е.), по покорувањето на Илирите и Тракијците, ќе успее да ја освои цела Грција. Неговиот син, Александар Македонски (356-323 п.н.е.) е една од најзначајните личности во светската историја. Тој најпрвин ќе го скрши внатрешниот отпор во проширеното Македонско Царство, а подоцна во походот против Персија, ќе ја уништи огромната Персиска Империја и ќе ја прошири македонската држава на три континенти, протегајќи се помеѓу Европа, Египет и Индија.
По неговата смрт, оваа огромна империја се распаднала на три дела, поради несогласувањато на неговите генерали околу тоа кој ќе му биде наследник. Освојувањата на Александар Македонски имаат суштествено значење за започнувањето на Хеленистичкиот период во светската историја.
Продорот на Римската Империја на исток ќе доведе до трите Македонски Војни (215 п.н.е.-168 п.н.е. со повеќегодишни прекини меѓу војните) во која Македонското Царство целосно ќе потпадне под римска власт, а последниот македонски цар Персеј ќе биде одведен како роб во Рим. По поделбата на Римската Империја во 395 г. од н.е. на Источно и Западно Римско царство, Македонија станува дел од Источното Римско царство.
Во VI и VII век на Балканот и во Македонија се доселуваат Словените, достигнувајќи јужно до Тесалија, па дури и до Пелопонез. Тие се измешале со затекнатото месно население, во најголема мера Антички Македонци, потоа Грци, Илири и Траки. На македонската територија, која тогаш се наоѓала под византиска јурисдикција, Македонските Словени биле организирани во полудржавни формации - македонските Склавинии. Склавиниите преземале повеќе напади против Византија и утврдените византиски градови.
Во 837 година Македонија почнува да потпаѓа под власта на бугарската држава, при што до средината на 9 век поголемиот дел од Македонија потпаднал под бугарска власт, а другиот бил вклучен во рамките на Византија. Во 9 век, исто така, започнува и црковно-просветната дејност на солуњаните Кирил и Методиј, која се состоела од повеќе мисии за покрстување на Словените, но и во поставување на основите на словенската писменост, која започнува со создавањето на словенската азбука - глаголицата, во 855 година. Нивните ученици, Климент и Наум, ќе ја продолжат нивната дејност и кон крајот на 9 век, ќе ја создадат Охридската книжевна школа и Преславската книжевна школа, со што Охрид набрзо прераснува во еден од најразвиените црковно-просветни и културни средишта на Балканот, лулка на словенската писменост. Во 10 век Македонија ќе ја зафати богомилското движење и учење, за првпат создадена во велешко-прилепската област, како одглас на потчинувачкиот феудален црковно-економски систем. Тоа набрзо ќе се прошири не само во Македонија, туку и низ цела Европа.
Со востанијата во Македонија во втората половина на 10 век, во 969 година против бугарската и во 976 година против византиската власт била создадена македонската средновековна феудална држава,позната уште и како Самуиловото царство). Македонската средновековна феудална држава постоела се до 1018 година, кога била покорена од византиските војски. Во 13 и 14 век византиската власт врз Македонија била прекинувана со периоди на српско и бугарско владеење.
До крајот на 14 век Македонија целосно била покорена од Османлиите, со што нејзиниот економски и општествен систем бил разорен, а исто така, бил забавен и нејзиниот натамошен општествен и културен развој. Во 1767 султанот ја укинал Охридската Архиепископија. (Видете: Македонска Православна Црква)
Од 14 век во Македонија започнува да се засилува влијанието на српската варијанта на старословенскиот јазик. Причина за тоа било приклучувањето на Македонските краишта кон тогашната српска држава. Тоа влијание се однесува главно, на правописот. Покрај тоа, во книжевните споменици од тоа време се повидливи се и трагите од современите живи македонски говори. Во старословенската основа на писмениот јазик.
Во времето на Отоманската империја писменоста доживува опаѓање. Нејзиниот јазик уште повеќе се оддалечува од старословенската основа, затоа што во живиот народен говор веќе биле насобрани повеќе изразити промени. Покрај црковните богослужбени книги, во кои повеќе се водело сметка за старата писмена словенска традиција, се појавуваат се повеќе и такви текстови што служат за читање на поширок круг луѓе или претставуваат натписи за практична употреба.
Во 16 век се печатат и книги во Србија и Венеција. Во 17 век веќе доаѓаат во големи количества црковни книги печатени во Русија на рускословенски јазик.
Општините на Македонија се административни единици од прв ред. Во август 2004, Република Македонија е реорганизирана на 84 општини; 10 од нив се Град Скопје, посебна единица на локална самоуправа и главен град на државата.
Речиси сите општини се непроменети или само претопени од претходните 123 општини формирани во септември 1996; другите биле припоени една кон друга и границите им се променети. Пред ова, локалната управа била организирана во 34 административни единици на различни нивоа.
По број на население, најголема општина во Република Македонија е Општина Куманово со 105 484 жители, а најмала Општина Вранештица со 1 322 жители.
Република Македонија има површина од 25.713 km² и нема излез на море. Република Македонија на исток граничи со Република Бугарија, на север со Република Србија, на запад со Република Албанија и на југ со Република Грција. Должината на државните граници изнесува вкупно 766 km, и тоа:
Значењето на географската положба на Република Македонија, како централна балканска држава која се граничи со четири држави, различни по својот стопански потенцијал и развиеност, е што тие се упатени на меѓусебна трговска размена и дополнување на нивните економии, токму преку територијата на Република Македонија.
Релјефот е претежно ридско-планински (75%).
Највисоките 10 планини со своите највисоки врвови се:
|
|
Надморска височина |
|
|
| 1 | Кораб |
|
Голем Кораб |
| 2 | Шар Планина |
|
Титов Врв |
| 3 | Баба Планина |
|
Пелистер |
| 4 | Јакупица |
|
Солунска Глава |
| 5 | Ниџе |
|
Кајмакчалан |
| 6 | Дешат |
|
Веливар |
| 7 | Галичица |
|
(2.288 е кота, а највисок врв е Магаро 2.254 m) |
| 8 | Стогово |
|
Голем Рид |
| 9 | Јабланица |
|
Црн Камен |
| 10 | Осоговски Планини |
|
Руен |
| 11 | Бистра |
|
Маденица |
Најдолга река е Вардар со 388 km (од кои во 301 km во Република Македонија) и во најголем дел тече низ централниот дел на државата. Нејзиниот слив зафаќа најголем дел од површината на државата и е дел од егејското сливно подрачје. Мал дел од територијата е дел од јадранското сливно подрачје каде се влива реката Дрим (Црни Дрим во Република Македонија) со неговите притоки, а во црноморското сливно подрачје реката Биначка Морава.
Најголема котлина е Пелагонија на која се одгледуваат многу култури специфични за ова климатско подрачје како на пример тутунот кој најмногу се одгледува во околината на Прилеп.
На јужната граница на Република Македонија лежат три големи природни езера:
Територијата на Република Македонија се наоѓа на сеизмички активно подрачје.
|
Според пописот од 2004 вкупното попишано население во Република Македонија изнесува 2.071.210 жители од кои:
|
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Бројот на домаќинствата изнесува 564.296, а на становите 698.143. Во вкупното население од 2.022.547 лица, населението на возраст до 19 години брои 591.702 лица, додека со 60 и повеќе години има 303.534 лица. Лицата на возраст од над 65 години опфаќаат 10,57 % во вкупното население, додека младата популација од 0 до 14 години е застапена со 21,08 проценти.
| Град | Жители |
| Скопје | 515.419 |
| Битола | 74.550 |
| Куманово | 70.842 |
| Прилеп | 66.246 |
| Тетово | 52.915 |
| Велес | 43.902 |
| Штип | 41.730 |
| Охрид | 41.146 |
| Струмица | 34.067 |
| Гостивар | 32.926 |
| Кавадарци | 38.288 |
| Кочани | 28.330 |
| Кичево | 25.129 |
| Радовиш | 16.223 |
| Струга | 16.037 |
Република Македонија по стекнувањето на својата независност од СФРЈ излегува како нејзина најсиромашна република. Економијата уште повеќе тонела во деведесетите поради бројни фактори: распадот на заедничкиот пазар, војните во поранешна Југославија, грчката блокада, санкциите спрема СР Југославија и многу други. Кон крајот на деведесетите економијата пополека почнува да забележува раст, но тоа повторно се прекинува со војната во Косово од 1999 и домашниот етнички конфликт од 2001. Денеска економијата повторно пополека бележи закрепнување. Но Република Македонија сѐ уште го нема достигнато ни нивото од од осамостојувањето 1991 (највисокото ниво воопшто го има достигнато во 1987)
Економијата е пост-транзициска, со голем број сѐ уште нерешени транзициски проблеми. Невработеноста е најголем проблем, 38% (2005). Корупцијата е системска појава. Неефикасното судство исто така негативно се одразува врз економијата. Нивото на домашни и странски инвестиции е ниско.Пазарното стопанство го нарушуваат неколку монополи. Сивата економија е широко распространета и има проценки дека претставува и до 20% од економската активност. Од друга страна макроекономските показатели веќе долго време се добри. Исто така Македонија е релативно малку задолжена земја. Државата располага средно кфалификувана но евтин а работна сила. Инфраструктурата е во релативно добра состојба, но сепак требаат инвестиции во оваа област (пред се во транспортно-комуникациско поврзување исток-запад). Република македонија е член на Светската трговска организација и има отворена економија, високоинтегрирана во меѓународната трговска размена (вкупната размена со странство во 2005 изнесуваше 79,5%).
Денеска конечно економските перспективи на државата изгледаат поповолно. Некои од проблемите се надминати, а некој се во фаза на надминување. Ова особено поради реформите кои се прават со цел за приближување кон ЕУ. Исто така позитивно влијание се очекува и од самиот кандидатски статус за членство во ЕУ. Во секој случај Република Македонија мора да остварува континуиран и брз пораст на економијата ако сака во догледно време да се приближи до европскиот просек.
Реализацијата на проектот за изградба на термоелектрични централи за гас со комбиниран циклус на ко-производство на електрична енергија и енергија за затоплување во Скопје е во тек.
Моменталната вкупна должина на патната мрежа во Македонија изнесува 10.600 km:
Должината на модерните патишта е 5.100 km.
Најзначаен автопат е меѓународниот автопат E-75. Започнува во Остенд - Белгија, поминува преку Брисел - Нирнберг, Виена - Будимпешта - Белград - Солун до Атина во Грција. Вкупната должина во Македонија изнесува 201 km. Поминува низ централниот дел на земјата, по должината на реката Вардар, и претставува главна артерија на патната мрежа на земјата.
Железничкиот сообраќај во Македонија е во целосна надлежност на Македонски Железници
Македонија е татковина на најмалиот 8 годишен професионалец за информатичка технологија. Марко Чаласан, според светките медиуми, е голем генијалец и феномен кој на својата 8 годишна возраст се здобил со врвни сертификати од Мајкрософт.[3]
Република Македонија во моментов има Статус на Кандидат за земја членка на Европската Унија. Хронологијата на односите помеѓу Македонија и ЕУ, датира уште од 1992 година кога првиот претставник на Република Македонија е назначен во Брисел. Во моментов Република Македонија исчекува да отпочне преговори за полноправно членство во ЕУ.
Исто така Република Македонија е кандидат за влез во НАТО и се очекува поканата да се добие на следниот НАТО самит во Букурешт во 2008 година
Поради притисоци на Република Грција (политички, економски, културни, ...), државата е примена во Обединетите Нации под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) [1], иако е признаена под нејзиното уставно име од 114 земји членки на ОН меѓу кои и постојаните членки на Советот за безбедност: Соединетите Американски Држави, Кина, Русија; членките на ЕУ: Полска , Словенија и Бугарија; а од соседството: Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција итн.
|
Црквата Св. Климент на Плаошник во Охрид |
„Споменик на ослободувањето“ во центарот на Скопје |
Кораб, највисоката планина во државата |
|
|
Св. Пантелемон црквата близу Скопје |
Св. Тројца во Радовиш |
| Најдете повеќе за Македонија на сестринските проекти на Википедија: | |
|---|---|
| Вики речник | |
| Вики книги | |
| Вики цитати | |
| Вики извор | |
| Заедничка ризница | |
| Вики вести | |
| Вики универзитет | |
| Дестинации од МАКЕДОНИЈА | |||||||||||
|
|||||||||||
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History