Радовиш


Радовиш
Центарот во Радовиш
Центарот во Радовиш
Официјално знаме на Радовиш
Знаме
Официјален грб на Радовиш
Грб
Локација
Локација на Радовиш
Општина Радовиш на картата на Република Македонија

Координати : 41° 38' N, 22° 38' E
Временска зона : CET (GMT +1)
- лето : CEЛT (GMT +2)

Општи податоци
Име Радовиш
Поштенски код 2420
Повикувачки број (+389) 032
Автомобилска ознака ŠT (ШТ)
Официјално мрежно место radovis.gov.mk
Историја
Прво доселување во 10 век
Основан во 1920
Управа
Држава
Република Македонија
Општина Радовиш
Градоначалник Д-р Роберт Велков (ВМРО-ДПМНЕ)
Географија
Површина 374,5 km2 km²
Надморска височина 380 m
Клима Субмедитеранска
и источно-континентална
Население
Население
- мажи
- жени
16 223[1] (2002)
50,01%
49,99%
Густина 43,32 ж./km² (2002)
Етнички групи Македонци, Турци, Роми
Центарот во Радовиш
Црквата Св. Троица во Радовиш
Крстот над Радовиш

Радовиш е град во југоисточниот дел од Република Македонија. Радовиш ги зафаќа подножјето на планината Плачковица и северниот дел на Струмичката Котлина и зафаќа површина од 374,5 km². Градот Радовиш е во склоп на општина Радовиш каде што припаѓаат уште 36 населени места. Градоначалник на општината е Д-р Роберт Велков.

Содржина

Население

Според најновиот попис на населението (2002), градот Радовиш има 16 223 жители, а општина Радовиш 28 244, густината на населеност во општината е 56/km². Во градот предимно живеат македонци, како и турско и ромско население.

Националната структура на жителите во град Радовиш е следнава:

Историја

Градот Радовиш за прв пат се споменува во 1019 год. во Грамотата на Византискиот цар Василие Втори, а така се викала и средновековната жупа, што покажува дека градската функција потекнува од средниот век. Во тоа време Радовиш претставувал значаен регионален трговско-занаетчиски и рударски центар. Името на градот Радовиш е поврзано со името на средновековната кнегиња од словенско потекло, Рада, која живеела во тврдината над градот, чиишто урнатини се уште постојат. Територијата на општината Радовиш е богата со археолошки локалитети, манастири и цркви кои се дел од богатата ризница на споменици на културата.

Географска положба и природни ресурси

Радовиш е оддалечен 120 км (2 часа) од Скопје, 280 км од Охрид, 120 км од Солун, 600 км од Белград, 425 км од Тирана, 350 км од Софија и 800 км од Варна и Бургас.

Сместен во југоисточниот дел од републиката град Радовиш го зафаќа северозападниот дел од пространата радовишко-струмичка котлина, односно горното сливно подрачје на реката Радовишка. Северниот дел припаѓа на планината Плачковица, јужниот дел на планината Смрдешник, на северозапад се наоѓа ридестиот дел на областа Јуруклук или Дамјанско поле, а на југоисток се протега алувијалната рамнина на реката Радовишка. Општината има добри функционални врски со соседните градови Штип и Струмица, од кои е оддалечен само 35 односно 30 км. Градот Радовиш е сместен во централниот дел на општината, на надморска височина од 380 м и претставува општински административен центар со добра местоположба за развој на стопанството. Како административен центар ги опслужува и жителите на општина Конче.

Во хидрографски поглед општината е интересна со појава на подземни води, извори и површински водотеци како и со помали вештачки акумулации. Покрај изворите за вода за пиење во општината има и минерални води, но без некоја поголема стопснска искористеност. Хидрографската мрежа на општината е поделена на два речни слива. Преку Радовишка река водите течат во сливот на Струмица, додека преку река Крива Лакавица во сливот на Брегалница. Реки во град Радовиш се: Радовишка река позната уште и како Стара река, како и помалите Сушица и Марлада.

Вегетација - Шумските комплекси зафаќаат околу 21 000 хектари. Поголеми шумски комплекси се наоѓаат околу Стара река и Ораовичка река каде се застапени дабова, букова и четинарска шума. од фитоценозите во шумите најдоминантни се заедниците на Дабот Горун, цените јасенови шуми, заедницата на подгорската бука, буковата шума со учество на брезата на кисели почви и заедницата на горската бука.

Клима

Климата во Радовиш е средоземно-континентална, со 112 сончеви денови во годината.

Економија

Поважните економски сектори во општина Радовиш се:

Градежништво, индустрија за градежни материјали, дрвна индустрија, метална и машинска индустрија, неметална индустрија, црна и обоена металургија, рударство, козметичко-фармацевтска индустрија, земјоделство, лов и риболов, туризам, текстилна индустрија, прехрамбена индустрија, тутунска индустрија, трговија, транспорт, банкарство, јавен сервис и услуги.

Приватен сектор: Рударство, угостителство, текстил, шумарство, месна индустрија, трговија на големо и мало, занаетчиство-(поправка на моторни возила, часовници, чевли , бела техника и др.), индустрија за конзервирање, млечна индустрија, индустрија за неметали, тутунска индустрија, козметичко-фармацевтска, обработка на злато и сребро. Приватната дејност е 90 % од вкупното стопанство.

Здравство

Постои една јавна здравствена установа ЈЗУ Здравен Дом - Радовиш, и седум амбуланти во населените места под управа на ЈЗУ Здравен Дом - Радовиш. Во склоп на ЈЗУ Здравствен Дом Радовиш влегуваат гинеколошко-акушерско одделение, специалистички ординации по очни болести, уво, нос и грло болести, внатрешни болети итн.

Во градот работат најмалку 15 приватни здравствени установи (ПЗУ) од примарната медицинска и стоматолошка заштита. Неколку приватни специалистички ординации по внатрешни болести, и една од областа на ортопедијата. Истотака работат и седум приватни аптеки.

Образование

Во областа на образованието и на воспитувањето работат вкупно пет институции. Една од нив е предучилишна комбинирана установа, две основни училишта со повеќе клонови, една гимназија од областа на средното образование и еден факултет.

Во основното училиште ОУ Крсте Петков Мисирков - Радовиш има околу 1266 ученици и 70 вработени и во ОУ Никола Карев - Радовиш има околу 1070 ученици и 65 вработени.

Во гимназијата СОУ Коста Сусинов - Радовиш има 1146 ученици и 52 вработени.

Од академска 2008 година во Радовиш се отвори Електротехнички факултет којшто e во состав на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Култура и медиуми

Во општина Радовиш работат две институции од областа на културата: Центар за култура "Ацо Караманов" и градска библиотека "Браќа Миладиновци".

Во медиумскиот простор се присутни две локални телевизии "ТВ Кобра" и "ТВ Еми", две локални радиа: "Радио Алфа" и "Радио Радовиш" и две кабелски телевизии "ТО-МИ" и "АндесНет". Печатени локални медиуми се појавуваат периодично.

Во областа на културата работат институции од културата со 7 вработени лоцирани во Радовиш. Центар за култура "Ацо Караманов", библиотека "Браќа Миладиновци". Познати се фолклорните ансамбли: Ф.А "Бучим" - Радовиш, Ф.А."Ацо Караманов" 3 аматерски драмски студија, во текот на годината се одржуваат: Радовишкото културно лето, детскиот фолклорен фестивал Оро весело, Гајда Ињево, Карамановите поетски средби и др. Како културно историски вредности кои што ги поседуваат општините Радовиш и Конче спагаат: Црквата "Св. Тројца", Манастирот "св. Стефан" од 14 век, Манастирот "св. Горги" од 16 век и други археолошки локалитети како: стар манастир - Дамјан, Маркова кула - Подареш, Исарот - Кале и др.

Туризам

Богатството на шумскиот фонд, разновидноста на флората и фауната, чистата и здрава околина, конфигурацијата на теренот, реките и вештачките акумулации го прават регионот атрактивен за рекреативно-спортскиот, ловниот, риболовниот и селскиот туризам.

Во тој поглед, развојните можнсоти на регионот се согледуваат, пред се, во комерцијализацијата на атрактивните природни ресурси. Економското ефектуирање на природните ресурси претпоставува постоење на соодветна инфраструктура, на организација и на соодветна туристичка пропаганда. Во таа насока, значајни развојни поттици може да произлезат од нови и од квалитетни сместувачки капацитети, од капацитетите за исхрана, од различните занаетчиски и услужни објект и дуќани, од спортски терени, од туристички водачи кај селскиот туризам што влегува во рамките на збогатување на туристичката понуда. Развојот на овие специфични видови туризам ќе овозможи поширок фронт за делување и за пазарно ефектуирање на произво¬дството на храна (млеко, месо, зеленчук, овошје, вино и слично) во атрактивните ловно-риболовни и рекреативни рурални подрачја. Најсоодветен начин за стопанисување со оваа дејност и со нејзините придружни дејности се малите семејни бизниси, стручно водени и осмислени од квалификувани менаџери.

Истотака постои одлична можност за развој на алтернативните форми на туризам (планински, бањски,рурален, археолошки итн.)

Спорт

Дејствуваат организирано: Фудбалскиот клуб "Плачковица", женски ракометен клуб "Стрела", боречки клуб "Јака-Бучим", стрелачки клуб "Готен", велосипедски клуб "Јака", мото клуб "Џинка" и др. Планинарско друшво ПАОК "Бел Камен".

Радовиш поседува капитални спортски објекти како: Спортска сала "25-ти Мај" со капацитет од 1500 седишта, Спортско-рекреативен комплекс "Шампион" со олимписки базен, повеќе игралишта за мал фудбал, ракомет, одбојка и тениски терени.

Познати личности од Радовиш

Галерија


Надворешни врски


Референци

  1. Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови






stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History