Пехчево


Пехчево
Официјално знаме на Пехчево
Знаме
Официјален грб на Пехчево
Грб
Локација
Локација на Пехчево
Пехчево на картата на Македонија

Временска зона : CET (GMT +1)
- лето : CEЛT (GMT +2)

Општи податоци
Име Пехчево
Поштенски код 2326
Повикувачки број (+389) 033
Автомобилска ознака ŠT
Официјално мрежно место pehcevo.gov.mk
Историја
Управа
Држава
Република Македонија
Општина Пехчево
Градоначалник Јованчо Станоевски
Географија
Надморска височина 1158 m
Население
Население 3.237 (2002)


Пехчево е град во источниот дел на Република Македонија, административен центар на Општина Пехчево. Познат е по зимскиот туризам.

Содржина

Етимологија

Според преданијата, се вели дека Пехчево го добил името по некои печки кои биле сместени под падините на планината Буковик. Овие печки биле поставени заради рудниците кои што се наоѓаат на падините на Буковик, а кои биле од потреба за обработка на рудата. Според тоа, Пехчево било нарекувано Печково. Но со текот на времето со доаѓањето на Отоманците, градот го променил името во Пехчево.

Историја

Пехчево во времето на Отоманската империја бил централно подрачје на Источна Македонија, преку кој се вршела целокупната трговија. Имено, додека била Отоманската империја, Пехчево било нарекувано Касаба.

Географија

Oколу 20% од територијата на општината Пехчево се обработливи површини, а останатиот дел се пасишта, шуми и необработливо земјиште.

Клима

Климата во општината и градот е континентална, со умерено топли лета и долги студени зими. Просечната годишна температура е 9 °C, а просечната релативна влажност изнесува 72% со врнежи од 544,3 mm годишно.

Население

Според пописот од 2002 година, градот Пехчево брои 3.237 жители од кои:

Религија

Во Пехчево мнозинството од населението е со православна христијанска веросисповест, а има и муслиманска вероисповест.

Економија

Главните стопански и индустриски гранки во Пехчево се лесната индустрија, земјоделството и сточарството. Лесната индустрија е застапена со дрвопреработувачкиот, огноотпорниот и конфекцискиот сектор. Исто така ЈП „Македонски шуми“ има подрачна единица во Пехчево. Како најзначајна фабрика во Пехчево од областа на лесната индустрија е фабриката ,,БОМЕКС Рефрактори,,. Од дрвната индустрија познати фабрики се ,,НАПРЕДОК,, и ,,ФАГУС,,.

Општината важи за еколошки чист регион и има потенцијали за развој на туризмот и производство на здрава храна. Сите села во околината се поврзани со Пехчево со асфалтирани патишта, и имаат развиена електрична и телефонска мрежа.

Туризам

Археолошки локалитети


Образование

  • Детска градинка ,,7 Септември,,
  • ОУ ,,Ванчо Китанов,,
  • Гимназија ,,Ацо Русковски,,

Култура

Од областа на културата, се организираат разни манифестации како:

  • Распеано Малешевче - Фестивал на детски песни и ора
  • Кинопроекции
  • Народни ора - КУД ,,Јане Сандански,,

Архитектура

Транспорт

Спорт и рекреација

За спорт и рекреација е изградена спортска сала ,,Јане Сандански,, каде што младите го поминуваат своето слободно време.

Знаменитости

Ноќен живот

Постојат повеќе кафе барови и ресторани каде што младите и постарите го поминуваат ноќниот живот. Меѓу најпознатите кафе барови се:

  • Кафе бар ,,SQUARE,,
  • Кафе бар ,,TREND,,

Меѓу најпознатите ресторани и сендвичари се:

  • Ресторан ,,РИСТОВО МЕАНЧЕ,,
  • Ресторан ,,МАРЈАН,,
  • Пицерија ,,ДАКО,,
  • Сендвичара ,,АРЧИ - КОМЕРЦ,,
  • Сендвичара ,,МИЧО,,

Надворешни врски

Видете исто така

Референци








stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History