|
|
|||
| Охрид навечер | |||
|
|||
| Локација | |||
|---|---|---|---|
| Охрид на картата на Македонија | |||
|
Временска зона : CET (GMT +1) |
|||
| Општи податоци | |||
| Име | Охрид | ||
| Поштенски код | 6000 | ||
| Повикувачки број | (+389) 045 | ||
| Автомобилска ознака | OH | ||
| Историја | |||
| Управа | |||
| Држава |
|||
| Општина | Охрид | ||
| Градоначалник | Александар Петрески | ||
| Географија | |||
| Население | |||
| Население | 42.033 (2002) | ||
Охрид е град во југозападниот дел на Македонија со 42.033 жители. По него Охридското Езеро го носи своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.
Содржина |
Според последниот попис од 2002 година, во градот Охрид живеат 42.033 жители[1] , од кои:
Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнидос (латински: Lychnidos). Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнидос се наоѓал на патот Виа Игнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што и Фригиjците. По Третата македонска воjна против кралот Персеј, Лихнид станува главна римска база во северните области на Македониjа. Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша. Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Во еден земјотрес, коj според историските извори се случил на 29 и 30 мај 526 година, настрадале повеќе десетици илjади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се споменува во историските извори.
Охридската област во краjот на VI век била изложена на масовна словенска колонизациjа. Охридската област до 30-тите години на VII век била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Лихнид оттогаш го добил името Охрид.
Охридскиот краj уште во втората половина на VIII век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис I Михаил македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку „комитати“. Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Во 886 година Климент, по краткото задржување во бугарскиот двор, бил испратен во Македониjа со важна државна мисиjа. Тоj бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа jа опфаќала Југозападна Македонија и Јужна Албанија, со главните градови Охрид и Девол.
Како учител и епископ Климент заедно со Наум ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на XIX век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри.
| Природно и културно богатство на Охридскиот регион* | |
|---|---|
| Светско наследство на УНЕСКО | |
| Државна странка | |
| Тип | Мешан |
| Критериуми | i, iii, iv, vii |
| Идентификација | 99 |
| Регион** | Европа и Северна Америка |
| Записно минато | |
| Запис | 1979 (3то заседание) |
| Продолжетоци | 1980 |
| * Име според официјален запис на листата. ** Регион според класификацијата на УНЕСКО. |
|
Во време на царот Самуил, Охрид станал религиозен центар и главен град на царството. Неговите тврдини и ден денес стојат високо над самиот град. Есента 1015 година византискиот император Василиј II успеал да го заземе Охрид, но тврдината останала и понатаму под власта на царот Јован Владислав, наследникот на Гаврило Радомир, син на цар Самуил.
Императорот Василиj II Бугароубиец дозволил Охрид и понатаму да остане седиште на Охридската архиепископиjа.
Во 1202 година Охридскиот краj заедно со другите југозападни македонски области биле вклучени во рамките на Солунското латинско кралство. Во 1334 година српскиот крал Душан презел градовите Охрид, Прилеп и Струмица. Во 1378 година, била доградена црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент) во Охрид.
Охрид не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (IX век), додека во местото Плаошник близу градот се наоѓа рестварираната црква Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека пак таму имало универзитет од XIII век.
Кон самиот краj на XIV век турскиот султан Бајазит I успеал речиси насекаде во Македониjа да ја наложи своjата власт.
Охрид го опслужува аеродром Св. Апостол Павле кој функционира преку целата година.
Во минатото во Охрид имало 365 цркви, и затоа се нарекува „Европскиот Ерусалим“[2]. На територија на општина Охрид постојат повеќе од 100 православни цркви од кои 60 активни, 10 исламски верски објекти - џамии и една католичка црква. Во Охрид се наоѓа седиштето на Дебарско – кичевската Епархија на МПЦ.
Турскиот патеписец Евлија Челебија го посетил Охрид во XIV век и забележал дека градот има 365 цркви, по една за секој ден од годината.
Некои од позначајните објекти се:
Аеродромот Охрид се наоѓа на 9 км од градот, на магистралниот пат Струга - Кичево - Скопје. Должината на полетно - слетната патека е 2.550 м, а ширината 45 м. Капацитетот на Аеродромот е 300 патници на час. Вкупниот аеродромски комплекс e со површина од 640.850 м, од кои 155.000 м за полетно - слетната патека, спојниците, пристанишната платформа и сервисните патеки. Врз основа на вака поставениот критериум се дефинира опслужното подрачје на Охридскиот аеродром за покриеност и на општините: Ресен, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Кичево, Дебар, Македонски Брод и Демир Хисар како општини со ограничени можности за просторна покриеност. Од статистичките податоци за физичкиот обем на сообраќајот во периодот 1997 - 2003, се добива податок дека се искористува приближно 40% од расположливите сообраќајни капацитети на Аеродромот во текот на една година.
Во Охрид има една Автобуска станица каде што се одвива локалниот, меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници. Во 2002 се превезени скоро 2 милиона патници.
Низ територијата на Охрид поминуваат магистралниот пат М5 Охрид-Битола-Скопје со должина од 235 км и регионалните патишта Р501, Охрид-Св. Наум, 29 км. и Р420, Охрид-Струга, 14 км.
Градот Охрид располага со паркиралишта од затворен и отворен тип. Ги има 6 со затворен тип и поголем број од отворен тип. На територија на Охрид во функција е граничниот премин “Св. Наум” – на државната граница со Република Албанија.
Охрид има издадена лиценца на околу 260 такси -возила и 91 комби-возило и минибуси преку кои се одвива локалниот и меѓуопштинскиот превоз на патници.
Постојат и две царински и шпедитерски терминали и тоа: Царински и шпедитерски терминал - Охрид и Царински и шпедитерски терминал - Аеродром Охрид.
|
Поглед на Самулиовата тврдина од езерото |
Црквата Св. Јован Канео високо над езерото |
||
|
Поглед кон Плаошник и Охридското Езеро |
Поглед кон Канео и Охридското Езеро |
Координати:
41°07′01.31″N, 20°48′06.14″E
|
|||||||
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Стар Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History