| Оваа статија не наведува никакви извори или наводи. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Никола Минчев | |
| македонски револуционер, воен стратег и политичар | |
| Роден | 1915 Кавадарци, Македонија |
|---|---|
| Починал | 1997 Скопје, Република Македонија |
| Занимање | учител, политичар |
Никола Минчев (2 ноември 1915 - 6 април 1997) е македонски револуционер, воен стратег и политичар.
По професија бил учител. Во НОВ се вклучува во 1941 година и во текот на војната бил член на МК на КПЈ за Кавадарци, командант на партизанскиот одред „Добри Даскалов“ и командант на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Избран е за член на Второто заседание на АВНОЈ и на Првото заседание на АСНОМ.
По ослободувањето Минчев е прв министер за просвета во Владата на НР Македонија, член во парламентите на Македонија и Југославија, министер во Сојузната влада на Југославија, претседател на македонската Влада и Народното собрание на Македонија од 23 септември 1968 г. до 6 мај 1974 г. во времето кога се создава повоениот Устав во чие креирање и донесување најактивно учествувал. До 1983 година е член на Советот на Федерацијата.
|
||||||||||||||||||||
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History