| Оваа статија не наведува никакви извори или наводи. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
| Никола Груевски | |
Никола Груевски |
|
|
Премиер на Република Македонија
|
|
| Во служба | |
| На функција од 27 август 2006 |
|
| Претседател | Ѓорге Иванов |
|---|---|
| Претходник | Владо Бучковски |
|
|
|
| Роден | 31 август 1970 Скопје, Република Македонија |
| Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
| Сопружник | Боркица Груевска |
| Професија | дипломиран економист |
| Религија | Православен христијанин |
Никола Груевски (31 август 1970, Скопје) е претседател на владата на Република Македонија од 27 август 2006, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од мај 2003 година, поранешен министер за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски до септември 2002 година.
Содржина |
По негова иницијатива се интензивира и практично започнува процесот на денационализација на национализираниот имот во периодот 1945-1990 година. Има имплементирано низа на финансиски реформи меѓу кои: воведување на данокот на додадена вредност, воведувањето на фискалните сметки, таканаречената кампања "Купувајте Македонски Производи", со која се промовираше купувањето на македонски производи, брендирана преку логото со сонценце со насмевка.
После параментарните избори 2002 година, во ВМРО-ДПМНЕ следува период на внатрепартиски превирања, после кои Груевски е избран за лидер на партијата, заменувајќи го дотогашниот претседател Љубчо Георгиевски. За време на неговото раководство ВМРО-ДПМНЕ се здобива со статус на набљудувач во Европската народна партија (2007) и во Меѓународната демократска унија (2008) а норвешката конзервативна партија Хојре, на ВМРО ДПМНЕ и ја додели наградата за придонес во унапредувањето на демократијата, човековите права, економските реформи и мирољубивата политика (2009).
ВМРО-ДПМНЕ победи на Македонски парламентарни избори, 2006 година. На 25 август Груевски ја формираше новата Влада. Во неговата Влада има многу нови лица, во најголем дел луѓе во нивните 30-ти, кои ги зазедоа клучните министерства и други позиции. Тој беше првиот кој вклучи познати македонски иселеници на клучни позиции во неговата нова Влада.
На 1 јуни 2008 година, Коалицијата предводена од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори, што беше нивна втора изборна победа по ред, со што доби повеќе од половина од пратеничките мандати во Собранието на РМ. Тој направи коалиција со Демократска унија за интеграција.
Во периодот на мандатот на премиерот Груевски се постигнаа значајни резултати во економијата, при што во областа на даночната сфера, се воведе концептот на рамен данок, а Македонија стана земја со најниски даноци во Европа.
Обемот на инвестиции, споредено со претходните години, почна значително да расте (2007 – 2008). Во време на Никола Груевски како претседател на Владата на Република Македонија, државата доживеа највисоки стапки на економски развој од осамостојувањето во 1991 година.
Во 2007 година тој изнесуваше 5,9%, а следната 2008 година 5%, со истовремен силен раст на извозот. Истовремено, реализирани се низа на реформски зафати и проекти во насока на подобрување на бизнис-климата, започнати се значајни инвестиции во инфраструктурата, културата и спортот, а постигнат е напредок во борбата за намалување на криминалот и корупцијата.
Реформите во образованието доведоа до тоа во 2008 година 95% од завршените основци да се запишат во средните училишта, а дури 85% од завршените средношколци да го продолжат своето образование на факултет. Истовремено, буџетот за образованието се подигна на ниво од над 5% од БДП, што претставува просек кој е соодветен или поголем од одредени земји на Европската унија и ОЕЦД.
Во време кога Никола Груевски е премиер отворени се два нови државни универзитети и над 20 државни факултети, а голема експанзија има и во приватните високообразовни установи.
Воедно, реализирани се значајни реформи и инвестиции во сферата на информатичката технологија и нејзиното приближување до младите генерации при што користењето на интернет кај населението се зголеми на 29% во 2008 година, во споредба со 13% во 2006 година.
Спроведени се низа мерки во насока на подигнување на земјоделството и стандардот на земјоделецот, при што субвенциите за земјоделството се зголемија за 12 пати повеќе на годишно ниво (2009) во однос на периодот пред неговото доаѓање како претседател на Владата. По повторната изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори (1. VI 2008) Никола Груевски се здобива со уште еден четири-годишен мандат како претседател на Владата на Република Македонија.
Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски” - Битола (1994), по што работи во банкарскиот сектор. Се здобил и со квалификации за меѓународниот пазар на капитал на Лондонскиот институт за хартии од вредност (1996). Магистрирал на Економскиот факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (12. XII 2006). Бил претседател и основач на брокерската асоцијација на РМ (1998) и ја направил првата трансакција на македонска берза.
Оженет е со Боркица, со која има две ќерки.
| Претходник Владо Бучковски |
Премиер на Република Македонија 2006- |
Следбеник нема |
| Премиери на Република Македонија | |
|
Никола Кљусев | Бранко Црвенковски | Љубчо Георгиевски | Бранко Црвенковски | Радмила Шекеринска (вршител) | Хари Костов | Радмила Шекеринска (вршител) | Владо Бучковски | Никола Груевски |
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History