Неготино


Неготино
Официјално знаме на Неготино
Знаме
Официјален грб на Неготино
Грб
Локација
Локација на Неготино
Неготино на картата на Македонија

Временска зона : CET (GMT +1)
- лето : CEЛT (GMT +2)

Општи податоци
Име Неготино
Поштенски код 1440
Автомобилска ознака VE
Историја
Управа
Држава
Република Македонија
Општина Неготино
Градоначалник Ѓорѓи Ќимов
Географија
Население
Население 13.284 (2002)


Неготино е град во Македонија, сместен во средното Повардарие, од двете страни на реката Вардар и зазема значителен простор во Тиквешката Котлина. Климата и почвата се идеални за одгледување на грозје и за винарска индустрија. Од Скопје Неготино е оддалечено 100 км, а најблизок град е Кавадарци кој е оддалечен 10 километри.

Содржина

Население

Во Неготино живеат 13284 жители (според пописот од 2002 година) од кои:

Историја и потекло на името Неготино

Името Неготино е словенизирано име на античката населба Антигонеа која што во 3 век п.н.е. ја формирал македонскиот владетел Антигон Гонат. Денес на територијата на општина Неготино постојат огромен број на археолошки локалитети.

Денешниот град Неготино е формиран во доцниот среден век како занаетчиска населба.

Позната градба од отоманскиот период подигната во 1821 година е “Саат кула”, а биле изградени и џамија и безистен.

Како ден на Општината се празнува 8 ноември, Ден на ослободувањето на Неготино од фашистичките окупатори во 1944 година.

Неготино својот најголем подем го постигнува во втората половина на 20 век кога прераснува во модерна градска населба со развиена инфраструктура.

Стопанство

Земјоделското производство претставува главна стопанска дејност во општина Неготино. Општина Неготино има годишно производство од 20 – 25 милиони килограми грозје. Од индустриските култури застапени се тутунот, афионот, градинарските култури и житариците. Во Неготино е лоцирана и втората по големина винарска визба во Македонија, „Повардарие“. Во поново време се забележува отворањето на приватни винарии и винарски визби како „Бовин“, „Фонко“, „Дудин“ и други кои извезуваат вина и на странските пазари. Во непосредна близина на градот се наоѓа термoцентралата „ТЕЦ Неготино“.

Редовни настани и манифестации

Позначајни манифестации кои се одржуваат во Општина Неготино се Фестивалот на виното (14 февруари) кој се одржува по повод верскиот празник Св. Трифун (заштитник на лозарите), Манастирска вечер и Неготинскиот панаѓур (20-23 септември) кој се одржува по повод верскиот празник Мала Богородица.

Личности

Надворешни врски








stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History