| Македонски јазик | ||
|---|---|---|
| Зборуван во: | Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија, Шведска, Германија, САД, Канада, Австралија и други земји | |
| Регион: | Балкан | |
| Вкупно зборувачи: | 2,5 - 3 милиони | |
| Ранглиста: | 180 (мајчин) | |
| Јазично семејство: | Индоевропско Словенско Јужнословенско Источнојужнословенско Македонски јазик |
|
| Писмо: | Македонска азбука | |
| Официјален статус | ||
| Официјален јазик во: | признат како малцински јазик во делови од: |
|
| Регулиран од: | Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ | |
| Јазични кодови | ||
| ISO 639-1: | mk | |
| ISO 639-2: | mac (B) | mkd (T) |
| ISO 639-3: | mkd | |
|
(Кликнете на сликата за да ја видите легендата) |
||
Македонскиот јазик спаѓа во источната група на јужнословенски јазици, и е службен јазик во Република Македонија. Македонскиот јазик е исто така службен во регионот на Горица во Албанија каде што живее бројно македонско население. Македонски се зборува и во Австралија, Албанија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Србија, Црна Гора, Турција и во некои земји−членки на Европската Унија. Вкупниот број на македонски говорници е околу 2,5 до 3 милиони луѓе.
Според почитуваниот лингвистички извор Etnologue, македонски се зборува и во југозападниот дел на Бугарија[3][4] и северна Грција, но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и BBC, Britannica и UNESCO.
Кога се зборува за Македонците како етничка група и македонскиот јазик, треба да се има предвид дека јазикот (т.е. потекло или класификација на јазикот) не соодветствува секогаш со етничкото потекло на еден народ. Македонскиот јазик спаѓа во групата на словенските јазици, а потеклото на Македонците како народ не е целосно словенско (в. Антрополошки карактеристики).
| Македонски јазик |
|---|
| Историја Литература Регулаторно тело Дијалект Граматика:
|
Кодификацијата на македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:
Македонската државност се зацврстува со историските решенија на Првото заседание на АСНОМ. Меѓу тие решенија од особено значење е Решението за воведување на македонски литературен јазик како службен во македонската држава.
Исто така, Президиумот на АСНОМ, како највисоко тело на македонската држава, во ноември 1944 година назначил комисија составена од македонски филолози и од општествени дејци кои требало да поднесат предлог за азбука и за правопис на македонскиот јазик. Прашањето за азбуката и правописот се решило во мај 1945 година. Заедно со ова прашање, членовите на комисијата разгледале повеќе прашања од особено значење за оформувањето на македонскиот литературен јазик.
Кодификацијата на македонскиот литературен јазик ја одразува македонската јазична практика. Блаже Конески има значаен придонес за кодификацијата на македонскиот литературен јазик и за стандардизацијата на литературнојазичната норма.
Македонскиот јазик има сличности со другите словенски јазици, а најмногу со бугарскиот и српскиот јазик. Македонскиот и бугарскиот јазик се единствените од групата на словенски јазици кои со текот на развојот ги изгубиле падежните форми,а од нив останат е само Вокативот (Македонијо; мајко; професоре и т.н.) како и во некои зборчиња (него; нему; скришум и т.н.).
Карактеристични особини на македонскиот јазик се:
Во инструкциите за попишувачите во САД се наведува македонскиот јазик во различен контекст. Така на пример:
Со анализа на овие пописни инструкции може да се заклучи дека до 1910 година постоело едно гледиште во американското опшество во врска со македонскиот јазик, а од 1920 година администрацијата го подржува гледиштето дека македонскиот јазик е засебен јазик кој го говорат некои од емигрантите од Европа. Подоцна во листата "C2SS Language Codes" на македонскиот јазик му е придружен кодот 2630.
Дијалектите на македонскиот јазик се вариации на стандардниот литературен јазик. Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи. Главната граница помеѓу двата блока источните и западните дијалекти е планината Скопска Црна Гора, продолжува со реката Вардар па се до Егејското Море (или Бело Море). Главна особина за западните дијалекти е поспориот тоналитет на дијалектите, користење на тројниот член и акцентот паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Заедничка особина за источните дијалекти е побрзиот тоналитет на зборење, кратење на зборови и променлива позиција на акцентот. Дијалектите се зборуваат на цела територија на Република Македонија, Пиринска Македонија, Егејска Македонија (Беломорска Македонија), Мала Преспа и Голо Брдо и Јужна Србија. Македонскиот јазик, со сите негови дијалекти Има над 3 милиони говорници.
Низ историјата и низ својот развој, македонскиот јазик користел неколку писма за пишување. Така, македонскиот јазик користел повеќе писма меѓу кои: старомакедонската азбука, глаголицата, црковнословенската кирилица, илинденската азбука и преродбеничката азбука. Денес македонскиот јазик користи македонска азбука, односно кирилична азбука приспособена на македонскиот фонетички и фонолошки систем. Македонската азбука е базирана на реформите и азбуката на Крсте Петков Мисирков.
Македонската азбука е официјалната азбука во Република Македонија и единствено писмо за пишување на јазикот. Азбуката е базирана на кирилицата со мали прилагодувања базирани на фонетскиот и фонолошкиот систем на јазикот. Азбуката има 31 буква и е базирана на преродбеничката азбука на Крсте Петков Мисирков.
| А /a/ |
Б /b/ |
В /v/ |
Г /ɡ/ |
Д /d/ |
Ѓ /ɟ/ |
Е /ɛ/ |
Ж /ʒ/ |
З /z/ |
Ѕ /ʣ/ |
| И /i/ |
Ј /j/ |
К /k/ |
Л /l/ |
Љ /ʎ/ |
М /m/ |
Н /n/ |
Њ /ɲ/ |
О /ɔ/ |
П /p/ |
Р /r/ |
| С /s/ |
Т /t/ |
Ќ /c/ |
У /u/ |
Ф /f/ |
Х /h/ |
Ц /ʦ/ |
Ч /ʧ/ |
Џ /ʤ/ |
Ш /ʃ/ |
| а /a/ |
б /b/ |
в /v/ |
г /ɡ/ |
д /d/ |
ѓ /ɟ/ |
е /ɛ/ |
ж /ʒ/ |
з /z/ |
ѕ /ʣ/ |
| и /i/ |
ј /j/ |
к /k/ |
л /l/ |
љ /ʎ/ |
м /m/ |
н /n/ |
њ /ɲ/ |
о /ɔ/ |
п /p/ |
р /r/ |
| с /s/ |
т /t/ |
ќ /c/ |
у /u/ |
ф /f/ |
х /h/ |
ц /ʦ/ |
ч /ʧ/ |
џ /ʤ/ |
ш /ʃ/ |
Залагањето за создавање на македонски литературен јазик датира уште од почетокот на XIX век, со појавата на Просветителите. Тие се застапувале за употреба на македонски народен јазик, на кој и ги пишувале своите книги и текстови, а првите книги се со религиска содржина за да ја приближат верата до народот. Од големо значење се залагањата на Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, и Теодосиј Синаитски, а посебно се истакнуваат Ѓорѓија Пулевски и Крсте Петков Мисирков, кој во својата книга „За македонцките работи“ одвојува статија во која ги изјавува своите ставови за начинот на формирање на македонски литературен јазик. На Првото заседание на АСНОМ, 2 август 1944, е донесен решение за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава. Комисијата за азбука и правопис своите ставови ги формулирала во Резолуција, донесена на 3 мај, а усвоена на 5 мај 1945 година. Заслугата на Блаже Конески за кодификацијата на македонскиот литературен јазик е во тоа што создал „Граматика на македонскиот литературен јазик“, „Речник на македонскиот литературен јазик“, како и „Правопис на македонскиот литературен јазик“, подготвен заедно со Крум Тошев, кој е озаконет на 7 јуни 1945.
Удвоените согласки во македонскиот јазик се две согласки едноподруго во префиксирани зборови, во членувани именки, како и во формите за суперлатив. Како удвоени се јавуваат: т, д, с, з, ј, л, м, в и р.
Именките во македонскиот јазик бележат определеност и неопределеност, број и род. Определеноста и неопределеноста се остварува со посебни суфикси во зависност од родот на именката и ова е уникатна карактеристика за македонскиот јазик. Бројот е реализиран со еднина и множина на именките и најчесто множината се бележи со суфиксот -и. Исто така, именките во македонскиот јазик бележат три рода и тоа: машки род, женски род и среден род.
Роднински имиња:
Вокатив
Губењето на вокативната форма е покарактеристично за именките од машки род на -а (војвода), но и кај именките од женски род (Емилија, Мимоза, Лиза; Вера место Веро).
Форми на множината:
Формите за множина: на -а: села, лета, вретена;
Образување на множината од именките на -е: на -је, -ие, -це: множина на -а: лозје - лозја, влијание - влијанија, лице - лица; сите други именки на -е во множината ја добиваат наставката -иња: пиле - пилиња; име - имиња; море - мориња; дете - деца, дечиња;
Вокатив (форма за повикување) се образува од општата форма на именката со наставка -у или-е: мажу, ќелешу, коњу, крају итн.; бику, волку, смоку, човеку (и човече), јунаку (и јуначе), но: боже, друже, оче; господине, пријателе, мајсторе (кај повеќесложните именки); од именката господ: господи, покрај господе.
Придавките во македонскиот јазик се зборови што даваат дополнително значење или опис на именките. Придавките, како и именките, можат да се сретнат во три рода и тоа: придавки од машки род, придавки од женски род и придавки од среден род. Покрај родот, придавките во македонскиот јазик можат да се степенуваат и има три форми: позитив (основна форма), компаратив (префикс по-) и суперлатив (префикс нај-).
| Број | Лице | Основна форма | Форми на директниот предмет |
Форми на индиректниот предмет |
|||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Род | Долга | Кратка | Долга | Кратка | |||
| Еднина | I | јас | мене | ме | мене | ми | |
| II | ти | тебе | те | тебе | ти | ||
| III | м. р. | тој | него | го | нему | му | |
| ж. р. | таа | неа | ја | нејзе | ѝ | ||
| ср. р. | тоа | него | го | нему | му | ||
| Множ | I | ние | нас | нè | нам | ни | |
| II | вие | вас | ве | вам | ви | ||
| III | тие | нив | ги | ним | им | ||
Прашални заменки
Заменки со односно значење: којшто, кој; чијшто, чиј;
Неодредени лични заменки:
Одречни заменки: никој; ништо;
Показни заменки:
Заменки-придавки:
Глаголите се полнозначни зборови со кои се означува дејство или состојба. Тоа дејство или состојба секогаш е поврзано со некој вршител или носител и со определено верме. Дејства или состојби можат да искажуваат и именкит (спореди: одње, борба, грабеж, настинка), но тие смао ги именуваат дејствата или состојбите, а не ги поврзуваат со конкретниот вршител или со времето на одвивањето.
глаголот во нашиот јазик се јавува во многу форми со кои се изразуваат повеќе граматички значења или категории. Без да се промени основното, лексичкото значење, преку промената на формата се кажува на времето кога се врши дејството, на начинот на вршењето на дејството, на лицето кое го врши дејството итн. Некои од категориите со кои се карактеризира глаголот се сојственеи само за него, а некои се заеднички и за другите зборовни групи. Потипични глаголски категории се: времето, начинот, лицето, видот, преодноста, залогот (глаголски род), родот, бројот. Дел од овие граматички значења се искажуваат со одделни форми на глаголот (со морфолошки средства), а некои се застапени во неговото основното лексичко значење (лексичко-семантички средства).
Ова е една од најкарактеристичните глаголски категории. Глаголите можат да го изразуваат дејството не само како процес туку и според моментот на соопштувањето, а тоа е сегашниот момент, сегашноста. Ако дејството се одвива во моментот на зборувањето (читам), се работи за сегашно време. Ако дејството му предоди на моментот на соопштувањето (читав, сум читал), тогаш велиме дека е тоа минато време. Ако се очекува дејството да се врши по моментот на зборувањето (ќе читам), тоа е идно време. Сегашно, минато и идно време се основни глаголски времиња. Покрај нив, постојат и други глаголски времиња кои за ориентација не го имаат сегашниот момент. Таква е, на пример, минато-идно време (ќе читав), кое искажува идност не во однос на сегашноста, туку во однос на некој минат момент. Од словенските јазици, македонскиот јазк, покрај бугарскиот има најмногу глаголски времиња. Тие се: сегашно, минато определено свршено, минато определено несвршено, минато неопределено (свршено и несвршено), предминато, идно, минато0идно или идно прекажано време.
За означување на ставот на говорителот се употребуваат форми што се викат начин. Едно исто дејство во еден случај можеме да го прдадеме во вид на соопштение или констатација , во друг случај во вид на заповед или молба, во трет случај како можност за бршење под некаков услов, итн. Ако е дејството предадено во вид на изказ, соопштение, тогаш имаме исказен начин. Со него се зазема неутрален став кон дејството, затоа се предава како реалност. Сите глаголски времиња, по правило, го представуваат исказниот начин. Ако дејството е предадено во вид на заповед, тогаш велиме дека се работи за заповеден начин, а се изкажува со посебни заповедни(императивни) форми на глаголот. Ако го предаваме дејството во вид на можност да се изврши, тогаш станува збор за можен начин. Покрај заповедниот и можнот наин како типични начински форми наспрема кои стои исказниот начин, во македонскиот јазик можеме да разликуваме и други начини или начински значења, но тие не се изкажуваат со посебни форми на глаголот, туку со други средства.
| Сегашно време | Минато определено време | Минато неопределено време | Заповеден начин | |
|---|---|---|---|---|
| сум | бидам | бев | сум бил | - |
| си | бидеш | беше | си бил | биди |
| е | биде | беше | бил | - |
| сме | бидеме | бевме | сме биле | - |
| сте | бидете | бевте | сте биле | бидете |
| се | бидат | беа | биле | - |
| а-група | и-група | е-група | |||
|---|---|---|---|---|---|
| Едн. | 1 л. | викам | носам | предам | пијам |
| 2 л. | викаш | носиш | предеш | пиеш | |
| 3 л. | вика | носи | преде | пие | |
| Множ. | 1 л. | викаме | носиме | предеме | пиеме |
| 2 л. | викате | носите | предете | пиете | |
| 3 л. | викаат | носат | предат | пијат | |
| а-група | и-група | е-група | |||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Едн. | 2 л. | викај | носи | стој | преди | кажи | пиј |
| Множ. | 2 л. | викајте | носете | стојте | предете | кажете | пијте |
| а-група | и-група | е-група | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Еднина | 1 л. | извикав | износив | избројав | остарев | паднав | реков | умрев | измив |
| 2 л. | извика | износи | изброја | остаре | падна | рече | умре | изми | |
| 3 л. | извика | износи | изброја | остаре | падна | рече | умре | изми | |
| Множина | 1 л. | извикавме | износивме | избројавме | остаревме | паднавме | рековме | умревме | измивме |
| 1 л. | извикавте | износивте | избројавте | остаревте | паднавте | рековте | умревте | измивте | |
| 3 л. | извикаа | износија | избројаа | остареа | паднаа | рекоа | умреа | измија | |
| а-група | и-група | е-група | |||
|---|---|---|---|---|---|
| Едн. | 1 л. | викав | носев | предев | пиев |
| 2 л. | викаше | носеше | предеше | пиеше | |
| 3 л. | викаше | носеше | предеше | пиеше | |
| Множ. | 1 л. | викавме | носевме | предевме | пиевме |
| 1 л. | викавте | носевте | предевте | пиевте | |
| 3 л. | викаа | носеа | предеа | пиеја | |
Несвршени глаголи
Свршени глаголи:
Глаголската л-форма во основа е минат партицип. Служи за формирање минато неопределено време.
Минатото неопределено време служи за прекажување на дејства, на кои не сме биле сведоци, туку ни се соопштени од друг. Во прекажувањето најчесто се јавуваат формите за трето лице (Но малу по малу започнаа разговор и таа разбра оти тој бил од Прилеп). Начинот на прикажувањето со минато неопределено време во вакво значење е најобичен во народните прикаски. Во него нѐ воведува веќе самата почетна формула (си бил еден... ) (Си биле двајца браќа, едниот - постариот - женет, а другиот неженет; работата им била трговци.).
Втор случај е кога земаме личен (ироничен или инаков) став кон она што го кажал некој за нас (Јас сум му ги зел парите!). Доста често се јавуваат вакви состави во кои на прекажаната форма во второ или трето лице се надоврзува форма за прво лице, која не е веќе прекажана, ами значи директно соопштување (Ти си дошол, ама јас не сум бил дома.)
Формите за прекажување не им се спротивставуваат само на формите од минатите определени времиња, ами можат да служат и за прекажување на дејства што во директното кажување идат во сегашно време (Тој вели не јадел сега).
Глаголската придавка се образува од сите глаголи: преодни (женет, насмеан) и непреодни (паднат, дојден, беган, шетан), затоа називот “пасивна глаголска придавка” не ѝ одговара. Таа се сврзува со помошниот глагол има, нема во различни временски конструкции: го имам земено, имам дојдено, немам шетано итн. (овде ги губи обележјата на родот и бројот - во овие форми влегува само со формата за среден род еднина).
Наставките за образување на глаголските придавки се две:
-н (-на, -но, -ни); -т (-та, -то, -ти) (втората се придава кај глаголите со општ дел на н, њ: станат, бањат).
Основните вокали се а и е.
Основниот вокал а се среќава кај глаголите од а-група и од е-група, а-раздел:
Глаголски придавки од глаголи со општ дел на н:
Двојни форми кај глаголските предавки од глаголи со општ дел на н:
Двојни форми кај глаголските придавки од глаголите, во кои во минато свршено време се губи вокалот од општиот дел:
Двојни форми и кај глаголските придавки, кои се образуваат од непрефиксирани глаголи од и-група и е-група (а-раздел):
Глаголскиот прилог се образува од несвршени глаголи со наставка -јќи: викајќи, бегајќи, носејќи, смеејќи се итн. Формата бидејќи се употребува како сврзник.
Основниот вокал е а (во а-група) и е - во другите две групи.
| а-група | и-група | е-група |
|---|---|---|
| префрлајќи | одејќи | пиејќи |
| доаѓајќи | носејќи | бришејќи |
Глаголската именка се образува од несвршени глаголи (како и глаголскиот прилог) со наставка -ње: викање; бегање; дерење - драње; спиење - спање итн.
Во македонски има и извесен број глаголски именки на -ние од свршени глаголи (за апстрактни поими) - решение, образование, издание.
| а-група | и-група | е-група | |||
|---|---|---|---|---|---|
| Едн. | 1 л. | сум извикал | сум износил | сум минал | сум измил |
| 2 л. | си извикал | си износил | си минал | си измил | |
| 3 л. | извикал | износил | минал | измил | |
| Множ. | 1 л. | сме извикале | сме износиле | сме минале | сме измиле |
| 2 л. | сте извикале | сте износиле | сте минале | сте измиле | |
| 3 л. | извикале | износиле | минале | измиле | |
| а-група | и-група | е-група | |||
|---|---|---|---|---|---|
| Едн. | 1 л. | сум викал | сум носел | сум минел | сум миел |
| 2 л. | си викал | си носел | си минел | си миел | |
| 3 л. | викал | носел | минел | миел | |
| Множ. | 1 л. | сме викале | сме носеле | сме минеле | сме миеле |
| 2 л. | сте викале | сте носеле | сте минеле | сте миеле | |
| 3 л. | викале | носеле | минеле | миеле | |
| Еднина | 1 л. | бев дошол |
|---|---|---|
| 2 л. | беше дошол | |
| 3 л. | беше дошол | |
| Множина | 1 л. | бевме дошле |
| 2 л. | бевте дошле | |
| 3 л. | беа дошле |
| Негирање: | |||||
|---|---|---|---|---|---|
| Еднина | 1 л. | ќе одам | ќе влезам | нема да одам | нема да влезам |
| 2 л. | ќе одиш | ќе влезеш | нема да одиш | нема да влезеш | |
| 3 л. | ќе оди | ќе влезе | нема да оди | нема да влезе | |
| Множина | 1 л. | ќе одиме | ќе влеземе | нема да одиме | нема да влеземе |
| 2 л. | ќе одите | ќе влезете | нема да одите | нема да влезете | |
| 3 л. | ќе одат | ќе влезат | нема да одат | нема да влезат | |
Се употребуваат негирани форми и со не: не ќе одам итн.
| Негирање: | |||||
|---|---|---|---|---|---|
| Еднина | 1 л. | ќе одев | ќе влезев | не ќе одев | немаше да одам |
| 2 л. | ќе одеше | ќе влезеше | не ќе одеше | немаше да одиш | |
| 3 л. | ќе одеше | ќе влезеше | не ќе одеше | немаше да оди | |
| Множина | 1 л. | ќе одевме | ќе влезевме | не ќе одевме | немаше да одиме |
| 2 л. | ќе одевте | ќе влезевте | не ќе одевте | немаше да одите | |
| 3 л. | ќе одеа | ќе влезеа | не ќе одеа | немаше да одат | |
| Негирање: | |||||
|---|---|---|---|---|---|
| Еднина | 1 л. | ќе сум одел | ќе сум влезел | не ќе сум одел | немало да одам |
| 2 л. | ќе си одел | ќе си влезел | не ќе си одел | немало да одиш | |
| 3 л. | ќе одел | ќе влезел | не ќе одел | немало да оди | |
| Множина | 1 л. | ќе сме оделе | ќе сме влезеле | не ќе сме оделе | немало да одиме |
| 2 л. | ќе сте оделе | ќе сте влезеле | не ќе сте оделе | немало да одите | |
| 3 л. | ќе оделе | ќе влезеле | не ќе оделе | немало да одат | |
| Еднина | 1 л. | јас би донел | јас би носел |
|---|---|---|---|
| 2 л. | ти би донел | ти би носел | |
| 3 л. | тој би донел | тој би носел | |
| таа би донела | таа би носела | ||
| тоа би донело | тоа би носело | ||
| Множина | 1 л. | ние би донеле | ние би носеле |
| 2 л. | вие би донеле | вие би носеле | |
| 3 л. | тие би донеле | тие би носеле | |
Со помош на помошниот глагол има се утврдува еден момент (на соопштувањето или некој минат или иден момент) до кој се сведува извршеноста на едно дејство или претпоставката за неговото извршување: имам дојдено значи дека дејството е извршено воопшто во минатото до моментнтов на соопштувањето; имав дојдено значи дека дејството се извршило до еден одреден момент во минатото; ќе имам дојдено значи дека се претполага извршувањето на дејството пак до одреден момент во идноста. Со времињата, во кои влегува л-формата од помошниот глагол, се предава прекажано дејство. Поради блискост во значењето, формите со има/нема и тие на минатото неопределено време можат да се заменуваат (временски нефиксирано дејство) (Се немаме видено две години = Не сме се виделе две години). Заменувањето не е вообичаено кога дејството поблиску се сврзува со одреден момент или период во минатото (Сум ти станал ноќеска. Не би одело “Ти имам станато ноќеска”).
|
западнословенски јазици |
| Статијата Македонски јазик ги исполнува нашите стандарди за квалитет и претставува избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија. |
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History