|
|
|||
|
|||
| Локација | |||
|---|---|---|---|
|
Временска зона : CET (GMT +1) |
|||
| Општи податоци | |||
| Име | Куманово | ||
| Поштенски код | 1300 | ||
| Повикувачки број | (+389) 031 | ||
| Автомобилска ознака | КУ | ||
| Светци заштитници | Св. Ѓорѓи | ||
| Официјално мрежно место | [1] | ||
| Историја | |||
| Прво доселување | во 1094 | ||
| Основан | Кумани 1519 |
||
| Управа | |||
| Држава |
|||
| Општина | Куманово | ||
| Градоначалник | Зоран Дамјановски (СДСМ) | ||
| Географија | |||
| Површина - паркови |
509,48 km² Cokoлaнa |
||
| Надморска височина | 330 m | ||
| Население | |||
| Население - мажи - жени |
105.484 (2002) 53143 52341 |
||
| Образование - високо - средно - основно - неписмени |
4040 31119 28680 4177 |
||
| Густина | 207,04 ж./km² (2002) | ||
| Етнички групи | Македонци, Албанци, Срби, и др. | ||
Куманово се наоѓа на североисточниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 340 метри, распространето од двете страни на реките Липковка и Кумановка. Актуелен Градоначалник на Општина Куманово е г-дин. Зоран Дамјановски.
Според легендата името на населбата потекнува од името на воинственото племе Кумани кои во 1094 год. навлегле во овој крај и извесно време се задржале на територијата на денешна Кумановска општина и пошироко.Други претпоставки за името не постојат.
Се претпоставува дека Куманово било основано во XII век во близина на селото Жеглигово, со цел да го чува преминот меѓу реките Вардар и јужна Морава. Во 1519, во турските документи се спомнува како село во состав на Нагоричка нахија со 52 семејства и околу 300 жители. Како градска населба (касаба) се споменува во втората половина на XVII век. Се претпоставува дека населбата во овој период има слабо развиено стопанство. Тоа го потврдуваат и патеписните забелешки на Евлија Челебија од 1660, според кои населбата имала околу 600 куќи, џамија, медреса, хан, хамам и одреден број на дуќани. Градската населба, административен центар на нахијата, Куманово станува при крајот на XVI или почетокот на XVII век. Првите изворни податоци за населбата Куманово се споменуваат во 1519 година, од патеписните дефтери во архивот на Република Турција во Истанбул со 52 семејства и околу 300 жители. Најопширни и најзначајни податоци дава Евлија Челебија во 1660 година кој напишал: „Населбата Куманово се наоѓа на територијата на Скопскиот санџак и претставува еден војводлак. Градот е украсен со многу реки, закитен со 600 куќи, покриени со керамиди.“
Но во 1689 год. при продирањето на Австриците на Балканот, водачот на востаниците од северниот дел на Македонија, Карпош се прогласува за ,,крал од Куманово” што покажува дека Куманово како населба била на добар глас. Имено како сообраќаен крстопат имал значајна економска важност каде трговијата била значително развиена. Со тоа успева да ги надмине конкурентните центри (Табановце, Негоричане, Стрезовце и Клечовце) во својата најблиска околина. Таквиот стопански раст бил прекинат со Австрискиот поход на Балканскиот Полуостров. Како и повеќето градови во Македонија, Куманово било во опаѓање, но не исчезнува како населба. По бурните настани (Карпошово востание во 1689 год.) настанува стагнација на градот, и тој се до крајот на XVIII век претставува типична турска касаба.
Во текот на XVIII век (1706 год.1792 год.) се споменува два пати во белешките на патници кои преноќиле во градот, но без некои посебни податоци. Во следниот XIX век успева да се оддели од околните населби и интензивно да напредува. Ова е период кога Куманово се споменува како важно пазариште за добиток и жито. Во исто време значително напредувало и угостителството кое воглавно било во рацете на Грци од Јанина, а подоцна и Башиноселци. Наспроти нив, во текот на втората половина на XIX век некои занаети воопшто не биле развиени или пак нивното производство било далеку под побарувачката на пазарот. Причините за ваквиот раст на градот се во неговата улога на административен центар и сообраќаен крстопат за патиштата кои одамна постоеле и оние поновите кои се граделе во седумдесетите години на XIX век. Со изградбата на железницата во негова непосредна близина и добивајќи сопствена железничка станица, не само што ја зацврстува својата доминантна положба во однос на околните населби, туку и стопански се наметнува над нив, оневозможувајќи го нивниот поинтензивен развој. Како нормален одраз на тоа станува атрактивно имиграциско место за околното население и бележи поизразен популациски раст. Истовремено Куманово и стопански расне и денес представува град со развиени дејности од секундарниот и терцијалниот сектор. Водечко место има индустријата(металопреработувачка, текстилна, чевларско-кожарска, прехранбена, тутунска,) потоа земјоделието и трговијата. Со својата местоположба и сообраќајно значење, развој и обликуваните градски функции, Куманово има три контактни гравитациски зони на влијание: спрема Крива Паланка, Кратово и Свети Николе. Истовремено тоа значи и функционално наметната моќност кон овие три правци што е една од причините за силен популациски и функционален раст на Куманово на сметка на растот на трите гореспоменати градски населби. Стопански развој градот доживува дури при крајот на XIX век (земјоделство, занаетчиство и трговија), но во стопанскиот развој нема значаен подем на индустријата се' до крајот на Втората Светска војна.
Во близина на Куманово на 23 октомври, 1912, е одржана и познатата Кумановска битка во која турските сили биле поразени од српската војска и биле натерани на повлекување од оваа територија. Во близината на ова место на локалитетот кој се нарекува Ѕебрњак е изграден споменик кој подоцна делумно ќе биде разрушен од страна на бугарската војска за време на Втората Светска војна.
На 11 октомври, 1941, во Куманово заедно со Прилеп, започнала антифашистичката борба на македонското население. По 1945 година Куманово доживува брз стопански, административен и културен развој.
На територијата на Куманово и Кумановско, постојат следните археолошки локалитети:
Градот Куманово се наоѓа во северниот дел на Република Македонија. Сместен е во источното подножје на Скопска Црна Гора, во источниот дел на Кумановското Поле на надморска височина од 330 метри. Поставен на главната сообраќајна артерија по Вардарско-моравската долина, Куманово има мошне добра сообраќајно-географска положба. Како сообраќаен јазол, освен трасираниот железничкиот сообраќај, низ него минуваат патишта кои на исток водат за Крива Паланка и Кратово, на југоисток за Свети Николе, на север за долината на Јужна Морава и на југозапад за Скопје.
Хидрографската мрежа во Кумановско ја сочинуваат средните и долните текови на Пчиња, Кумановска и Крива Река и некои помали водотеци кои целосно му припаѓаат на сливот на реката Пчиња. Пчиња е најголема и најважна река во Кумановско и е втора по должина лева притока на Вардар. Извира под врвот Бела Вода на планината Дукат (Србија), на надморска височина од 1.660 метри. На неколку места во Кумановско се регистрирани појави на минерални води. Најпознати се изворите кај с. Проевце, а има извори во реонот на Липково, како и во други делови на Општината. При вршењето на истражни работи со дупчење, пронајдени се термоминерални води во околината на Стрновац . Најпознати и најискористени се изворите во Проевце, или како што уште се нарекува Кумановска Бања . Поради разните состојки, водите од ови извори се означуваат како алкална-земјоалкална хипотерма, температура на водата изнесува од 28 до 31 степени, со што спаѓаат во групата на хипотермални води. Тука вредни за споменување се и двете вештачки езера што се наоѓаат во близина Куманово а тоа се Липковското езеро и езерото Глажња.
Гоце Делчев, Банево Трло, Зелен Рид, Бедиње, Карпош, Ајдучка Чешма, Пуковско, Бабин дол.
Центар, Панче Пешев, 11 Октомври, 11 Ноември, Х.Т.Карпош, Благој Стефковски Гојчо, Тоде Мендол, Перо Чичо, III МУБ. Гоце Делчев, Бајрам Шабани, Средорек, Зелен Рид.
Проевце, Иго Тричковиќ, Козјак-Нас.Карпош, Долно, Којнаре, Јане Сандански (Бабин Дол), Бедиње, Железничка, Станица, Черкези, Ајдучка Чешма.
Доброшане, Речица, Горно Којнаре, Режановце, Лопате, Пчиња, Комуна, С.Студена Бара, Вак’в, Карпош-С.Винце, Љубодраг, Ново Село, Умин Дол, Брзак, Агино Село, Романовце, Биљановце, Шупљи Камен, Тромеѓа, Табановце, Карабичане, Перо Стојмановиќ С.Сушево, Сопот, Четирце, Вера Которка, Братство Единство С.Д’лга.
Врз климатските одлики, односно различните вредности на метеоролошките елементи во Куманово, влијание имаат неколку фактори. Според географската ширина и близина на поголемите водени површини, се смета дека во Македонија се чуствуваат топли влијанија. Но, Куманово се наоѓа во северниот дел на Македонија, така што тие влијанија помалку се чуствуваат. До израз доаѓа релативната отвореност на релјефот, што овозможува навлегување на различни воздушни влијанија, особено по Моравско-вардарската долина со меридијански правец на протегање.
Според наведените одлики може да се заклучи дека вo Куманово се чуствуваат влијанија на топли и студени воздушни маси, кои условуваат во климатски поглед да се издвојат две годишни времиња, и тоа: студена и влажна зима и топло и суво лето. Од преодните годишни времиња поизразена е есента, понекогаш долга и топла што е одлика на умерено-континентална клима. На околните планини повеќе се изразени одликите на континенталната клима.
Температурата на воздухот е важен метеоролошки елемент. Нејзината средна годишна вредност изнесува 11,8C (за Куманово), а на падините на околните планини е пониска, во зависност од надморската висина.
Просечното годишно количество на врнежи во Куманово изнесува 549,3 mm на квадратен метар, според кое спаѓа во второто подрачје во Македонија по сушноста. Сушите, најчесто се карактеристични за летните месеци, а може да продолжат и во есен.
Кумановскиот регион се одликува и со изразита ветровитост,најчесто дува северен и, помалку северозападен ветер.
Просечната честина на овој ветер изнесува 331%. Средномесечната брзина е различна, а годишниот просек изнесува 3,2 m во секунда.
Просечната годишна сончевина изнесува околу 2.200 часови, а во околниот планински терен таа е поголема. Годишно во Куманово просечниот број (ведри) денови изнесува 84, додека годишно има просечно 97 (облачни) денови.
Во почетокот на XX век во Куманово живеат околу 14 530 жители. Во текот на Втората светска војна Куманово се истакнува во борбата против фашистичкиот агресор. Во повоениот период бележи перманентен раст на населението (1948 г. 20578 жители; 1953 г. 23785 жители; 1961 г. 31845 жители; 1971 г. 47809 жители; 1981 г. 63088 жители; 1994 г. 71853 или 65233 жители) посебно во временски период од 1961 до 1981 година кога населението двојно се зголемува. Според бројот на жители во 1994 год. е трет град по големина во Република Македонија зад Скопје и Битола. Општина Куманово претставува најголема општина во Република Македонија. Според статистички податоци од пописот во 2002 година Куманово брои 105.484 жители од кои:
Во градот доминираат православните христијани (76,64%), а останатите се со исламска и евангелистичко-методистичка вероисповест.
Епархијата Полошко-кумановска го зафаќа северозападниот дел од Република Македонија и е дел од живиот организам на Македонската Православна Црква. Нејзин надлежен епархиски архиереј е Митрополитот Кирил и тоа од 1971 година, па сè до денес. Архиерејско намесништво Куманово: 60 цркви, 8 манастири, 12 параклиси и 120 крстови.
Дeнeшнaтa цpквa билa пoдигнaтa нa ocтaтoцитe нa пocтap xpaм кoj имaл бaзиликaлнa фopмa, oд XI вeк, т.e. вo вpeмe нa влaдeeњeтo нa визaнтиcкиoт импepaтop Poмaн IV Диoгeн (1067-1071). 3a oвoj пoдaтoк дoзнaвaмe oд житиeтo зa мoнaxoт Пpoxop Пчинcки, вo чиja чecт импepaтopoт ja пoдигнaл пpвoбитнaтa цpквa, нa мecтo кaдe Пpoxop гo зaпoчнaл cвojoт иcпocнички живoт. Ocтaтoци oд пpвoбитнaтa цpквa видливи ce вo вид нa гoлeми кaмeни блoкoви, вo виcинa oд oкoлy 4 мeтpи.
Oбнoвyвajќи ja цpквaтa, Mилyтин ja измeнил cтapaтa бaзиликaлнa фopмa, co штo xpaмoт дoбил фopмa нa впишaн кpcт co издoлжeн тpaвej нa иcтoчниoт и зaпaдниoт дeл и пeт кyпoли.
Sидaнa e oд yбaвo дeлкaни кaмeни блoкoви, a фacaдaтa e paзигpaнa co кepaмoплacтичнa дeкopaциja, кaкo peминиcцeнциja нa визaнтиcкaтa гpaдитeлcкa тpaдициja. Kepaмoплacтикaтa e пpиcyтнa и нa мoнoфopитe нa цeнтpaлнaтa кyпoлa кoи cлyжeлe кaкo oтвopи зa ocвeтлyвaњe нa цpквaтa. Ha cтpaничнитe sидoви вo гopнaтa пapтиja иcтo тaкa ce нaoѓaaт пoвeќe пpoзopци oд типoт нa бифopи и тpифopи.
Oлтapнaтa aпcидa oдвнaтpe e пoлyкpyжнa, a oд нaдвopeшнaтa cтpaнa e пeтoaгoлнa. Eнтepиepoт нa xpaмoт вo cвojaтa пpocтopнa диcпoзициja имa тpи кopaби кoи eдeн oд дpyг ce oддeлeни co cтoлбoви. Kaкo peдoк eлeмeнт coчyвaнa e oлтapнaтa пpeгpaдa, изpaбoтeнa oд кaмeни cтoлбoви, пapaпeтни плoчи и opнaмeнтиpaн apxитpaв.
Црквата по својата основа е крстообразна петкуполна. Централната купола одвнатре е дванаесетострана. Меѓу трансептот и аглите се наоѓаат крстести сводови. Западниот крак на крстот е прекршен и на истата страна е формирана ниска припрата. Олтарната апсида однадвор е петострана и е разиграна со декоративни ниши изработени од тули. На двете страни од апсидата се наоѓаат мали капели над кои се издигаат двете источни куполи. Фасадата на црквата е украсена со пиластри и слепи аркади.
Цpквaтa "Cвeтa Пeткa" вo Mлaдo Haгopичaнe e изгpaдeнa и живoпиcaнa нajвepojaтнo вo 1628 гoдинa. Kтитopитe нa цpквaтa нe ce пoзнaти, a гoдинaтa нa нejзинaтa изгpaдбa ce извeдyвa cпopeд зaчyвaнитe ocтaтoци oд ктитopcкиoт зaпиc (дeнec yништeн). Oкoлy цpквaтa ce нaoѓaaт пocтapи и пoнoви ceлcки гpoбиштa, пopaди штo e нapeчeнa и гpoбjaнcкa цpквa. Oвa гo пoтвpдyвa и пaтpoнcтвoтo нa Cвeтa Пeткa, чиj кyлт ja пpeтcтaвyвa кaкo зaштитник нa yмpeнитe.
Цpквaтa "Cвeтa Пeткa" пpeтcтaвyвa eднoкopaбнa зacвoдeнa гpaдбa, гpaдeнa co кaмeнoт тeтpaxит. Cпopeд дoceгaшнитe пoдaтoци, тaa нajвepojaтнo нacтpaдaлa вo Пpвaтa cвeтcкa вojнa, тaкa штo дeнec e мoшнe oштeтeнa.
Цpквaтa "Cвeтa Пeткa" cпaѓa вo paмкитe нa cтилcкa и xpoнoлошка група сакрални објекти со изразито архаични карактеристики: тробродни базиликални форми или цркви со трикратно расчленет простор, обично без купола, како и со едноставни тетрахитни фасади. Апсидалните конхи се конструирани со изразита вертикална нагласеност, што не е случај и во другите делови на Македонија.
Средни училишта: Гимназија „Гоце Делчев“, ДСТУ Наце Буѓони, СУ Гоце Делчев, СУ Киро Бурназ, УСО Перо Наков.
Основни училишта: 11 Октомври, Бајрам Шабани, Браќа Миладиновци, Вук Караџиќ, Крсте Петков Мисирков, Кочо Рацин, Магдалена Антова, Наим Фрашери, Христијан Тодоровски Карпош, Толи Зордумис.
Основни училишта во кумановските села: Јероним Дерада - Черкези, Браќа Рибар - Табановце, Вера Которка - Клечевце, Карпош - Умин Дол, Кирил и Методиј - Романовце.
Во Куманово постои голем број професионални културни институции : Библиотеки, Народен музеј , Народен театар и Центар за култура. Од културните манифестации ги издвојуваме : Ликовната колонија , Џез-фестивалот " Денови на комедијата ". На планот на соработката со Солун и другите балкански градови можно е :
За сообраќајна поврзаност со соседите, и други области, денес поголемо значење има Моравско-вардарската долина по која минува железничка линија и асфалтиран автомобилски пат, кој на делот јужно од Куманово е изграден како современ автопат. Преку овој пат Куманово на југ има добра сообраќајна поврзаност со Скопје и долината на Вардар, а на север со Јужно-моравскиот регион. Во напореден правец и денеска се користат два патни правци. Едниот од нив оди, главно, по долината на Крива Река, кон Крива Паланка и соседната Бугарија. На овој патен правец во поголем дел е изграден современ магистрален автомобилски пат, а со довршување на изградбата на железничката линија до границата со Бугарија ќе се овозможи полесно и побрзо поврзување со неа. Од овој патен правец кај с. Страцин се одделува еден крак кој овозможува сообраќајна поврзаност со Кратово. Вториот патен правец оди на југоисток и преку Овче Поле се одржуваат врски со источна Македонија. По долината на реката Пчиња Куманово се поврзува со Трговишката област и сообраќајниците по долината на Јужна Морава.
На полето на Спортот во Куманово делуваат многубројни :
Соработката на спортските клубови и спортистите од Куманово со другите градови пружа големи и разновидни можности.
На брдото Ѕебрњак, каде се одигра еден од најжестоките судири во Првата балканска војна, подигната е Спомен-костурница во која се сместени коските на загинатите српски војници. Костурницата според проектот на архитектот Момир П. Горуновиќ, е откриена во 1937 година. Денес постои само долниот дел широка тркалезна костурница, додека горниот пирамидест дел е урнат во 1942 година од бугарски фашисти.
Спомен куќа на командантот на Кумановскиот баталјон "Јордан Николов-Орце", Христијан Тодоровски-Карпош, убиен од страна на бугарскиот окопатор на 7 февруари 1944 за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во с.Билјача-Прешевско.
Спомен костурница изградена во 1957 година по повод 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ. Дело е на архитектот Зордумис и вајарот Сретен Стојановиќ. Се состои од обелиск и костурници во кои се сместени посмртните останки на загинатите во Народно Ослободителната Војна од Куманово и Кумановско.
Од дамнешно време до ден денес во Куманово постои ноќниот живот. Отсекогаш претставувал град на убави доживувања, разни журки, концерти, фестивали, манифестации итн. Моментално постојат повеќе локали, односно места за излегување во центарот на градот меѓу кои најпознати се клубот Linka, кабаре Tunel, дискотека Amnesia, кафе-бар Club, Irish Pub како и многу други. Најнова атракција во градот е изградбата на трите локали (Нама Кафе) на плоштадот во центарот на градот. Во склоп на оваа градба спаѓаат ресторант, коктел-бар и кафуле каде што може да се најде дневната, а посебно ноќната шема. Најнова атракција во градот е Caffe Club Versaj( поранешна кино бавча ).
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Стар Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History