|
|
|||
|
|||
| Локација | |||
|---|---|---|---|
| Крива Паланка на картата на Македонија | |||
|
Временска зона : CET (GMT +1) |
|||
| Општи податоци | |||
| Име | Крива Паланка | ||
| Поштенски код | 1330 | ||
| Повикувачки број | (+389) 031 | ||
| Автомобилска ознака | KU | ||
| Официјално мрежно место | krivapalanka.gov.mk | ||
| Историја | |||
| Основан | Бајрам Паша 1633 |
||
| Стари имиња | Егри Дере Егри Паланка |
||
| Управа | |||
| Држава |
|||
| Општина | Крива Паланка | ||
| Градоначалник | Арсенчо Алексовски | ||
| Географија | |||
| Население | |||
| Население | 14.558 (2002) | ||
Крива Паланка е град во североисточниот дел на Република Македонија, сместен под падините на Осоговските планини на двата брега на Крива Река. Во непосредна близина на градот се наоѓа граничниот премин Деве Баир кон Република Бугарија. Од Куманово е оддалечена 60 км, а од Скопје 100 км во источен правец.
Содржина |
Името на градот Крива Паланка доаѓа од кривото корито на реката Крива. Поранешното име на градот било Егри Дере, што на турски јазик значи „крива река“. Покасно, зборот „Паланка“ го заменил турскиот збор „дере“. Градот е еден од најмладите градови во Република Македонија. Градот бил формиран од турците, поточно од Бајрам Паша и градот имал важност како воен и одбрамбен центар. Тој центар имал за цел да го зајакне тој регион на Македонија. Основањето на градот е забележано во турските документи со година 1043 по муслимански календар или по стандардното христијанско броење во 1633. Тој документ, поточно плоча, се чувала на влезот во тврдината и била испишана со арапска азбука. Подоцна плочата се пренела во џамијата што се наоѓала во центарот на градот. Денес плочата сед чува во Музејот на Македонија во Скопје.
Својата добра позиција овозможила оваа мала населба да прерасне во поголемо населено место. Според пописите во 19 век, градот се сметал како населено место со христијанско македонско и со турско муслиманско население.
Во градот оформува значаен христијански слој во градот, кој што во XIX век ја понел на своите плеќи преродбата и равојот на градот, во еден христијански и православен манир. Во ова време се оформува градскиот слој на богати македонски трговци и знаетчии кои што тргуваат надвор од отоманската империја и ги носат со себе во градот новите текови и новите идеи на XIX век.[1]
Во овој период во Крива Паланка, делува и еден од првите македонски преродбеници Јоаким Крчовски, кој што со помош на локалните трговци, во 1814–1819, во Будим ги печати своите познати пет книги, на жив народен говор. Крчовски не само што ја развил потребата од описменување, туку извршил и пресудно влијание за основаwе на црковно – келијно училиште во 1817 г. кое што било сместено во Енгеровата куќа, во чија близина подоцна со големо залагање на градските првенци и самиот ктитор Давид Јереј, во 1833 г. ќе биде изградена градската црква Свети Димитрија.
Како резултат на црковно–просветната дејност, во Крива Паланка, во уште во 1833 година дејствува црковно- епитропска општина, која во 1861 се трансформира во црковно – училишна општина, а веќе истата година ќе се самоуправува без официјално да се откаже од јурисдикцијата на скопскиот патријаршиски митрополит.
По Првата светска војна, во 1919 -1920 година. Кога Крива Паланка за прв пат добива статус на Општина, во рамките на Вардарската Бановина на кралството СХС, го добива првиот домороден претседател (градоначалник), и го добива ликот кој што во голем дел го задржала и до ден денес. Во тие години, Крива Паланка добива неколку значајни објекти: Зградата на Општината, Официрскиот Дом, Училиштето Партизан, Старата Болница, и ја добива првата регулација на коритото на Крива Река на потегот од Осичка маала до Нумулија, а била започната и изградбата на првата електрична централа во североисточна Македонија, на Дурачка Река, но која што подоцна била прекината[2].
Крива Паланка има умерено-континентална клима со умерено ладна зима, умерено топло лето, свежа пролет и релативно топла есен, што се должи на географската диспозиција и на извесни влијанија кои навлегуваат од Егејското Море преку Крива Река. Високите делови на Осоговијата се под влијание на степската клима. Просечната годишна темперетура изнесува 10,2 С. Во текот на годината најтопол месец е јули со просечна вредност од 20,0 С. Најстуден месец е јануари со просечна вредност од -0,3 С. Просечното годишно температурно колебање изнесува 20,30 С. Во спордба со областите што ја опкружуваат, Кривопаланечката област добива значителни врнежи. Ова се должи на апсолутно големата висина која претставува природен кондензатор за водената пареа, што ја носат западните и јужните ветрови. Просечниот датум на првиот снежен покривач во оваа област е 30 ноември. Појасот над 1700 метри надморска височина има доста ниски средни годишни темперетури, затоа врвовите Руен и Царев Врв се под снежна покривка од октомври па до почетокот на јуни. На Руен снежната покривка се задржува и во јули[3].
Според последниот попис од 2002 година, во Крива Паланка живеат 14.558 жители [4] од кои:
| Етничка група | Број |
|---|---|
| македонци | 13. 758 |
| албанци | 0 |
| турци | 2 |
| роми | 668 |
| власи | 2 |
| срби | 88 |
| бошњаци | 1 |
| останати | 39 |
Градот има поволна демографска слика со пораст на населението. Забележлив е високиот наталитет кај Македонците, со оглед на тоа дека во градот и неколку околни села живеат повеќе семејства од македонска националност со 4,5,8 и 10 деца.
Населението во Крива Паланка е повеќето од православна вероисповед. Православието е длабоко навлезено во животот и традицијата на паланчани а за тоа сведочат големиот број на цркви и манастири што се наоѓаат во градот, но и во непосредната околина. Крива Паланка во Македонија и пошироко е позната по еден од најубавите манастирски комплекси- манасториот Свети Јоаким Осоговски.
Според историските податоци, манастирот прв пат се споменува за време на бугарскиот цар Калојан (1196-1207).Од Карловачкиот летопис, пак (од околу 1505 г.) се дознава дека кралот Милутин изградил црква посветена на Св. Јоаким Осоговски. Во 1330] г. Стефан Дечански го посетил овој манастир пред битката на Велбушд. Исто така турскиот султан Мехмед II во 1436 год. Дошол во манастирот на пат за освојување на Босна. Кога во втората половина на XVII век манастирот осиромашел, неговите монаси оделе дури во Дубровник да бараат финансиска помош од Дубровачката Република. Исто така игуменот на манастирот Геврасиј ќустендилскиот митрополит Висарион, по земјотресот во 1585 г. и оштетувањето на манастирските градби, отишле во Русија да бараат помош.За континуираниот манастирски живот дознаваме и од српскиот патријарх Арсеније III Чернојевиќ кој во 1683 г. Го посетил манастирот и престојувал во него[5].
Црквата св.Нокола во с. Трново им припаѓа на манастирските цркви, изградени во периодот натурската доминација на балканот. За точниот датум на нејзиното градење не е зачуван запис. Во науката се присутни дилеми кои се однесуваат на точното читање на годината на градењето. Имено, постарите проучувачи се определуваат во читањето на годината како 1505 година, додека со поновите истражувања е поставена тезата за 1605 како година на градењето на црквата. Последнава теза се пткрепува и со стилско-ликовните белези на зачуваниот живопис[6].
Од стопанството во Крива Паланка најразвиена е трговијата поради близината со бугарската граница, а останатиот дел се занимава со земјоделие (најмногу се одгледува компир, а во помала мерка и пченка, пченица, јачмен, ’рж, овес, и др.) и рударство во блиските рудници Тораница (за олово и цинк) и „Бентомак“. Во центарот на Крива Паланка постојат повеќе стари занаетчиски дуќани како часовничари, казанџии, опинчари и други занаети кои сѐ уште активно работат. Во центарот на градот работи и стоковна куќа, а на ридовите во близина на градот работат и повеќе пилани и сечи за огревно дрво и дрво за мебел.
Во градот работат повеќе градинки, три основни училишта и гимназија.
Поради својата местоположба на европскиот коридор Г-8 од поодамна е во план продолжување на железничката пруга до Крива Паланка и бугарската граница која во моментов изградена до селото Бељаковце.
Во скора иднина ќе започне и реализацијата на проектот за гасификација на градот, за кој се обезбедени 7 милиони евра странска помош.
Во последните години, локалните власти во Крива Паланка сѐ повеќе вложуваат во туризмот како едно од важните гранки на стопанството во Македонија. Со својата природна убавина и богатата културно-историска традиција, Крива Паланка сѐ повеќе се промовира како кај домашните, така и кај странските туристи. Во својата програма, Крива Паланка ги понудува посетите на манастирите и историските локалитети во градот и во својата околина, потоа организира посети и сместувања во еден од најубавите македонски манастири- манасторот Свети Јоаким Осоговски. Исто така, локалитетите Градец, Трново и Станци се отворени за туристите во секое време.
Во Крива Паланка секоја година се одржуваат повеќе културни настани меѓу кои најзначајни се: Ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски“, Летна школа за архитектура и Фолкорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.
Ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски“ за прв пат се одржала на 5 септември 1987 година. Колонијата се одржува секоја година од 5 до 20 септември и е со подршка на Неговото Високо Преосвештенство митрополитот полошко-кумановски, Господин Кирил. Во 1993 година колонијата се здобила со меѓународен карактер и во него земаат учество повеќе уметници од различни земји[10].
Фолклорниот фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ е фестивал со меѓународен карактер и се одржува на 28 и 29 август во Крива Паланка. До сега, се одржале две изданија на фестивалот и во него зеле учество повеќе фолклорни друштва од Македонија, Бугарија, Србија и Црна Гора[11].
Во Крива Паланка се одржуваат неколку спортски настани, меѓи кои најпознати се спортските настани за планинарење и искачување на околните врвови. Најпознати спортски настани во Крива Паланка се:
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Стар Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History