|
|
|||
| Поглед кон Кратово | |||
|
|||
| Локација | |||
|---|---|---|---|
| Општина Кратово на мапата на Македонија. | |||
|
Временска зона : CET (GMT +1) |
|||
| Општи податоци | |||
| Име | Кратово | ||
| Мото | Градот на куилте и мостовите | ||
| Поштенски код | 1360 | ||
| Повикувачки број | (+389) 031 | ||
| Автомобилска ознака | KU | ||
| Официјално мрежно место | opstinakratovo.gov.mk | ||
| Историја | |||
| Стари имиња | Кратер Коритос Коритон |
||
| Управа | |||
| Држава |
|||
| Општина | Кратово | ||
| Градоначалник | Мите Андоновски | ||
| Географија | |||
| Површина | 376 km² | ||
| Надморска височина | 1000 m | ||
| Население | |||
| Население - мажи - жени |
6.924 (2002) 3,505 3,419 |
||
| Образование - високо - средно - основно - неписмени |
542 2994 2460 728 |
||
| Густина | 27,8 ж./km² (2002) | ||
Кратово се наоѓа во североисточниот дел на Македонија, сместен во гролто на изгаснат вулкан. Градот е еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот. Во 2002 година градот имал 6,924 жители.[1]
Содржина |
Кратово се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија, помеѓу општините Крива Паланка, Пробиштип, Свети Николе, Куманово и Кочани, во западноит дел на планината Осогово, во кратер на изгаснат вулкан. Низ него тече Крива Река и три помали реки.
Кратово е поврзан со регионалниот пат „Р-206“, кој овозможува поврзување на градот со другите магистрални патови:
Климата е умерено континентална и планинска, поради надморската височина на градот. Во стругата на реката Крива се чувствува влијанието на Вардарската долина и Средоземјето.
Температурата на воздухот се разликува во летниот период во однос на зимскиот период. Максималната температура во летниот период е 38,5°С, а минималната во зимски период е -16,5°С, просечно температура изнесува 11,3 °С.
Врнежите се движат од 550 мм до 750 мм воден талог на 1м², во зависност од апсолутната височина. Најизразени врнежи има во април, мај, октомври и ноември, а најсушни се месеците - август , септември и февруари. Кратово спаѓа под влијание на југозападни ветрови кои доведуваат до топло и врнежливо време, а североисточните ветрови дуваат од планинските делови и условуваат суво и ладно време.
Постојат повеќе примери за изворот на името на градот Кратово. Името Кратово доаѓа од местоположбата на градот, кој лежи на вулканска подлога, односно вулкански кратер. Според преданието, градот го добил името по зборовите „кират-ова“, по името на тврдината на бреговите на Кратовска Река, урната од турците. Бо времето на Византија, градот е наречен „Коритос“ или „Коритон“.[2]
Подрачјето било населено уште во римско време. Градот бил познат како рударски град под името „Кратишкара“, кој ѝ припаѓал на римската провинција Дарданија. Во Византискио време, Кратово е познато како „Коритос“ или „Коритон“, што ја објаснува и неговата местоположба, „корито во које се наоѓа градот“. Во времето на владеењето на Стефан Немања, во 1189 година, Кратово било присвоено кон Србија, под Србска надвласт со градот властувал деспотот Оливер Јован Грчиќ. Зa постоењето на Кратово разкажувал Хомеровиот еп "Илијада" во VI в.п.н.е. Како доказ служат и монетите од времето на Адолион Пајонски, крал кој владеел од 315 до 285 г.п.н.е. Во тоа време, градот тргувал со злато, сребро и бакар. Градот го посетил и турскиот Султан Мурат. Од 1689 до 1805 градот бил запустен. Во втората половина на 14 век, Кратово подпаѓа под Отоманска империја. Во 16 век и во 17 век, во составот на новоосвоените територии на Османлиското царство, градот станал подрачен центар.[3]
Во 1836 година, градот имал 56 000 жители.[4] Во втората половина на 19 век, бројот на населението било неизменето. Во турските записи пишува дека од 303 жители, 74 биле исламизирани, што во тогашна Македонија, Кратово спаѓал меѓу градовите кои биле најнаселени со муслимани.[5]
Според пописот од 2002 година, во градот Кратово живеат 6924 жители[6] од кои:
Развојот на Кратово започнува во втората половина на XX век. Меѓу значителните претпријатиа од тоа време, се комбинатот „Силекс“, фабриката за брусеви и брусно платно „Иднина“, модната конфекција „Кратовчанка“ и други производни капацитети, во кои почнало поширокото вработување. Во транзицијата се затвориле сите поголеми производни капацитети. Градот има невработени 1899 лица.[7] Денес од поголемите претпријатиа во Кратово работат: „АДК РИК-Силекс“, состав на повеќе профитни центри и „Иднина“, производство на брусеви, брусно платно и хартија. Градот има 150 трговски друштва и 4 текстилни погони. Во гранката на земјоделието, најзастепени се културите пченица и јачмен.Градот е аграрно индустриски.[8]
Кратово во средниот век бил познат по своеата Кратовско книжевно училиште, које заедно со книжевното училиште на манастирот Св. Гаврил Лесновски биле особено активни од 12 век до 14 век. Во училиштата се препишувале стари книги, и се пишувале нови текстови од црковна содржина, со што Кратово во раниот среден век станал културен центар.
Кратово ги има следниве културни установи: музеј на град Кратово, домот на културата и градска библотека. Од образовни институции има, едно средно училиште ДСУ "Митко Пенџуклиски", детската градинка „Царка Андреева“, итернат, приватно училиште за странски јазици и едно основно ОУ "Кочо Рацин".
Во Кратово има три православни цркви. Во време на турското владеење градот имал преку 20 цркви, од кои се пронајдени остатоци.
Кратово е изградено со типична старогратска македонска архитектура, и е познато по своите кули и мостови. Во гардбите е значителен каменот и дрвната конструкција, пересте и плитар, со што на градбите им овозможува еластичнот и цврстина. Стреите и таваните биле украсувани со декоративни штички. Чардаците на секоја куќа се посебно обележие на кратовската куќа. Од чардакот зависела и обликата на куќата. Вратите на куќите се еден од најубавите и најобработени детаљи, тие се како еднокрилни или пак двокрилни. Во минатото секоја кратовска куќа имала бања за капење. Како посебна просторија во куќата имала огниште, кое служело за загревање на просториите и за готвење храна.[9]
Кратово има радио станица Радио Кратово, која ја објавува информативната дејност во општината и градот. Градот има две државни и две приватни телевизиски станици кои работат на територијата на целата држава и една кабловска телевизиска станица “Крателсат”.
Подрачјето на градот е покриено со природно зеленило, располага со убави излетнички места, како: планината „Лисец“ и „Буковец“ и долината на реката Злетовица и Крива Река. Градот го има хотелот “Кратис” и повеќе угостителски објекти и градски олимписки базен во сопственост на АД РИК “Силекс”-Кратово.
Во градот има, една спортска сала, фудбалски стадион на фудбалскиот клуб “Силекс”, кој се натпреварува во Првата Македонска фудбалска лига. ФК Силекс во минатото освоил три шампионски титули и два купа на Македонија. Исто така има и два женски ракометни клуба: РК “Кратово” и РК ”Добра Вода”, кои се натпреваруваат во „Првата Македонска ракометна лига“, карате клуб и шаховски клуб “Кратово”.[10]
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Стар Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History