|
|
|||
| Поглед кон Кичево | |||
|
|||
| Локација | |||
|---|---|---|---|
| Кичево на картата на Македонија | |||
|
Временска зона : CET (GMT +1) |
|||
| Општи податоци | |||
| Име | Кичево | ||
| Поштенски код | 6250 | ||
| Повикувачки број | (+389) 045 | ||
| Автомобилска ознака | OH | ||
| Официјално мрежно место | kicevo.gov.mk | ||
| Историја | |||
| Управа | |||
| Држава |
|||
| Општина | Кичево | ||
| Градоначалник | Владимир Толески | ||
| Географија | |||
| Надморска височина | 888 m | ||
| Население | |||
| Население | 27.067 (2002) | ||
Кичево е град во средишниот дел на Западна Македонија. Градот лежи во Кичевската Котлина под југоисточните падини на планината Бистра. Од Скопје Кичево е оддалечено 112 километри, а се наоѓа на речиси половина пат меѓу Гостивар (46 километри) и Охрид (61 километар).
Содржина |
Кичево се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, сместен во Кичевската Котлина, која преставува јасно обликувана природна целина, опколена од сите страни со високи планини. Припаѓа на горното сливно подрачје на реката Треска, на северната страна допира до превојот Стража, на западната страна се издига планината Бистра, на јужната страна по долината на реката Треска се протега до Илинска планина, а на источната страна допира со северниот дел на Порече. Градот Кичево, како урбан центар, се наоѓа на надморска височина од 620-650 метри. Останатите населени места се наоѓаат на надморска височина од 600 до над 1000 метри.
Што се однесува до површината, Кичево покрива најмал дел во споредба со другите општини, односно 49 км2, што претставува 5,9% од вкупната површина во кичевската котлина. Според бројот на жители, Кичево е најголема општина, со 52,5% од вкупниот број на жители во регионот.
Кичевскиот регион се наоѓа под влијание на топло континенталната и планинската клима. Зоната на влијание на топло континенталната клима во Република Македонија е во висински појас од 600 до 900 м н.в. што значи во ова климатско подрачје во Кичевскиот регион се наоѓа градот Кичево и поголем дел од населените места, а планинските подрачја се под влијание на планинската клима. Годишната средна температура во потесното градско подрачје изнесува 10,7 °С при што апсолутниот месечен максимум на температурата изнесува 40,5 °С додека апсолутниот месечен минимум изнесува - 23 °С. Средната годишна максимална температура изнесува 17,1 °С, а средната годишна минимална температура изнесува 5 °С .
Наведените климатски и други природни услови во анализираниот регион влијаат ограничувачки на развојот на одредени овошни видови и овозможуваат одреден развој на други овошни видови. Релативно умерената и стабилна влажност на воздухот (74%) и топло континенталната клима овозможуваат одгледување на јаболчестите овошни видови (јаболка и круша), како и поволни услови за одгледување на некои од коскеските овошни видови (вишна, цреша, слива).
Исто така постојат услови за одгледување и на оревот и костенот. Ограниченоста на површините кои се наводнуваат и слабата количина на врнежи во последните години делуваат негативно на развојот на јаболчестите видови на овошки. Јаболката, па и крушата бараат висока влажност на воздухот и многу вода па затоа условите за нивно одгледување се најповолни покрај реките, водотеците и на површини кои се под систем за наводнување. Црешата и вишната се овошни видови кои не се многу прибирливи во однос на климатските услови и успеваат и на поголеми надморски височни што е многу значајно за регионот со оглед на неговата надморска височина. .....И покрај релативно добрите услови за одгледување на повеќе овошни видови, овоштарството во регионот во овој момент не претставува позначајна земјоделска гранка. На тоа влијае пред се слабата организираност на производството и пласманот, во однос на "специјализираните" региони за одредени овошни видови (а во кои постојат и релативно подобри услови за одгледување на тие овошни видови). Сегашната состојба со овоштарството во Кичевскиот регион (во кој под овоштарство постојат само 75 хa) покажува за стагнацијата на оваа земјоделска гранка во регионот. Споредбата со состојбата од пред десетина години кога под јаболка имаше околу 400 ха и под вишна околу 200 ха ја покажува тенденцијата на намалување на значењето на овоштарството како гранка во анализираниот регион.
Според пописот од 2002 година градот Кичево има 30138 жители, од кои:
Кичево како населба е првпат споменато под името Ускана во времето на владеењето на Античкиот Македонски владетеле Персеј, градот имал значајна улога во Македонско - Римските војни (170-169 г.п.н.е.). Подоцна во 1018 година градот е споменат под името Кичавис во документите на тогашниот Византиски владетел Василиј II. Револуционерното движење против Османската власт го започнале јеромонахот Јосиф од познатиот манастир Света Богородица Пречиста во близината на Кичево и неколку учители. Во 1878 година од страна Пере Тошев била организирана првата вооружена револуционерна чета на чело со војводата Дуко Тасев. Кичево е познато по неговата голема улога што ја одиграло во Илинденското востание. Од овој град и од неговата околина излегле голем број на војводи од кои најпознати се Јордан Пиперката, Наќе Лавчанчето, Дуко Тасев итн. За време на Втората светска војна Кичево бил првиот слободен град и слободна територија заедно со Дебарца во 1942 година. Од градот и околината се исто така произлезени и многу партизани.
Според Марко Цепенков сестрата на Крале Марко, Кита владеела овде на калето (наречено Китино Кале) кое е всушност денешното Кичевско Кале со саат-кулата, и според градот го добил името Кичево. Во отоманскиот период, градот го носел името Крчово (денес употребувано од Албанците), со што се смета дека познатиот македонски просветител Јоаким Крчовски најверојатно водел потекло од Кичево или Кичевско.
Главно обележје на стопанството во регионот му дава Рударско-Енергетскиот комбинат "Осломеј" кој е со капацитет од 660.000 квч годишна продукција и е прв објект од ваков вид изграден во Република Македонија. Во Кичево е доста развиена трговијата, а најпознати стопанско - индустриски објекти се поранешниот рудник за железо Тајмиште (сега има производство на здрава храна), рудникот за јаглен и термоелектрана Осломеј, фабриката Тане Цалески. Градот Кичево и кичевско се познати и по најдобриот и највкусниот бурек на Балканот, а кичевчани се и најпознатите пекари и фурнаџии во Белград.
На само 3 километри од центарот на градот на падините на Бистра се наоѓа познатото излетничко место Крушино.
|
|||||||
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Стар Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History