| Оваа статија не наведува никакви извори или наводи. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|||||||||||||||||||||||
Кирилица е азбука што се употребува за пишување кај шест природни словенски јазици: (белоруски, бугарски, македонски, руски, српски и украински) како и многу други јазици од поранешниот Советски Сојуз, коишто се наоѓаат во Азија и Источна Европа. Секој од овие јазици има своја посебна верзија на азбуката, односно стекнала различни одлики во зависност од говорното подрачје.
Почетоците за тоа Словените да имаат своја азбука потекнуваат од причината за богослужење на својот словенски јазик. Пред создавањето на кирилицата, богослужбата се вршела на туѓи, неразбирливи јазици како грчкиот или латинскиот. Составувачи на првата словенска азбука - Глаголица се Кирил и Методиј, кои имале и мисионерско - просветителска дејност во повеќе словенски земји. На наше, македонско тло била создадена кирилицата. Впрочем современата кирилица е составена од нивните ученици Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски, од Охрид, тогаш во Царство Бугариjа, кои ја преобразиле и поедноставиле тогашната глаголица и новата видоизменета азбука во чест на Свети Кирил го добила името кирилица. Таа е составена од 44 букви.
Македонската кирилична азбука е составена во 1945 година по налог на АСНОМ. Има 31 буква и е најслична со српската кирилична азбука со исклучок на буквите Ѕ, Ќ и Ѓ. Македонскиот јазик има едно единствено писмо а тоа е кирилицата. За разлика од некои други јазици коишто имаат своја верзија и на латиничното писмо македонскиот ја нема. Затоа единствена официјална азбука на македонскиот јазик е кирилицата.
Македонската кирилица ги содржи следниве букви (гласови):
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History