Драслајца е село во Општина Струга.
| Драслајца | |
|
Драслајца (Република Македонија)
|
|
| Општина | Општина Струга |
| Население | 778 жители жители |
| Поштенски број | |
| Повикувачки број | |
| Надморска височина | |
| Географска широчина | 41° 12' 56" сев. ш. |
| Географска должина | 20° 41' 35" ист. д. |
| Веб-место | |
Содржина |
Драслајца се наоѓа на 5 километри на север од Струга, од десната страна на реката Црн Дрим, во централниот дел на Струшката котлина, на надморска висоќина од околу 698 метри. На северозапад од него се наоѓа селото Ложани, на североисток селата Биџево и ливада, на исток Волино, на запад Враништа и на југ Мороишта. Подрачјето на селото зафаќа околу 600 хектари обработлива површина. Границите на драслајчкиот синор се движат по местата На Оро, Под Круша, Краповица, Вировица, Средорек, Санџак, Малеш, Гроб (Место каде што има непознат гроб со огромна плоча) , Дупки (во близина на реката Сатеска), Черешна, Бузулец, Горни ливаѓе, Копачка, Дебрич (равни загони), Мерка, Дрим. Во тие граници се наоѓаат драслајчките ниви, ливади, ораници, а местата селаните ги нарекуваат: Миличева нива, шаварка (некогаш тука имало шавар), Црквана (до самата црква), Јаглите (се претпоставува дека на тоа место се правел дрвен јаглен), Крапница (некогаш тука имало длабоки ендеци каде што селаните ловеле крап), Долни санџак, Ограда, Шушурица, Долна Ограда, Долзни разори (крај Црн Дрим), Вакоска Ледина, Вакоска ливада (во близина на црквата), Горни ливаѓе, Горни ливаѓе, Бела вода (каде се наоѓаат изворите на селската река), Света Недела.
За Драслајца нема многу документи, ниту од подалечното, ниту пак од поблиското минато, што создава големи тешкотии за осознавање на неговото минато. Единствен постар документ во кој се споменува селото е Опширниот турски дефтер од пописот за Охридскиот санџак од 1583 година, но под името Драгославица. За тоа колку време пред тоа постоело Драслајца не се знае ништо, бидејќи не постојат никакви други документи и белези врз кои може да се утврди неговата старост.
Постојат неколку извори и толкувања како Драслајца го добило името. Во турскиот дефтер од 1583 година е забележано како Драгославица. Под истото име, пред крајот на првата половина на 16 век, се споменува и во Поменикот на манастирот Свети Јован во близина на селото Слепче, Демир Хисарско. Полскиот етнолог и славист Влоѓимјеж Пјанка, кој на почетокот на шеесеттите години го посетил Драслјаца, објаснува дека името Драгославица со тек на време и со скратување на некои букви се трансформирало во Драслајца. Според него, тоа е добиено од личното име на некој си Драгослав. Етнологот Бранислав Русиќ го запишал како Драславица. Негов впечаток е дека драслајчани и соседите селото го викале со името Драслаица или Драслајца.
Според пописот[1] од 2002 година селото броело 778 луѓе, од кои:
ФК Драслајца
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History