|
|
|||
| Општинската зграда на Демир Хисар | |||
|
|||
| Локација | |||
|---|---|---|---|
|
Временска зона : CET (GMT +1) |
|||
| Општи податоци | |||
| Име | Демир Хисар | ||
| Поштенски код | 7240 | ||
| Повикувачки број | (+389) 047 | ||
| Автомобилска ознака | BT | ||
| Официјално мрежно место | Официјална страна на општината и градот | ||
| Историја | |||
| Управа | |||
| Држава |
|||
| Општина | Демир Хисар | ||
| Географија | |||
| Површина | 478 km² | ||
| Население | |||
| Население | 2,593 (2002 [1]) | ||
| Густина | 21,5 ж./km² | ||
Демир Хисар е град во Југозападна Македонија и е центар на општина Демир Хисар. Градот се наоѓа во ридско-планински регион, а мал дел по течението на Црна Река е низински. Посебен знак на одбележување на оваа област се планините Бигла, Илинска и Плакенска Планина, на која што се наоѓа и највисокиот врв од 2000 m., кои што ја одделуваат Демирхисарската област од Преспанско-охридската област. Поради богатството на овие планини со железна руда, и областа го добива името Железник, кое се менувало во зависност од владателите во различни периоди. Оваа област се среќава како Сидеро Кастрон, што од грчки значи Железна Тврдина, а Демир Хисар е име што Турците го дале на оваа област што би значело Железна Планина. Тоа е името што и денес го носи. Територијата на општина Демир Хисар зафаќа површина од 478 km² и се вбројува во средно големите општини на Р. Македонија, со просечна густина на населението 21,5 жители на km².
Содржина |
Според пописот од 2002 година, Демир Хисар брои 2593 жители, од кои:
Населбата почнува да се развива некаде од средината на декември 1945 година, кога во Демир Хисар е формирана општествено - политичка административна заедница - Околиски народен одбор, прво со седиште во с. Лопатица, а од пролетта 1946 година, по извршената територијална корекција, седиштето е пренесено во село Мургашево, со седиште во стариот Слепчански ан (на местото на денешната автобуска станица).
Демир Хисар како урбана населба, од своето формирање постојано бележи пораст на населението. Така спрема пописот во 1961 г. населбата броела 1129 жители. Во 1981 година имало 2283, а во 1985 - 2633 жители. Тоа докажува дека луѓето од селските населби нагло ги напуштале своите домови и се населувале во Демир Хисар.
Денес, Демир Хисар е урбанизирана населба од градски тип која ги има сите услови на мало градче. Изградена е електрична мрежа, водовод, одводна канализација, асфалтирани улици и поврзана е со современ коловоз со соседните градови Битола, Крушево, Кичево и Прилеп.
Официјална веб страница на општина Демир Хисар
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Стар Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History