|
|
|||
|
|||
| Локација | |||
|---|---|---|---|
| Виница на картата на Македонија | |||
|
Координати : 41°52′С 22°30′И |
|||
| Општи податоци | |||
| Име | Виница | ||
| Поштенски код | 2310 | ||
| Повикувачки број | (+389) 033 | ||
| Автомобилска ознака | ŠT | ||
| Официјално мрежно место | opstinavinica.gov.mk | ||
| Историја | |||
| Стари имиња | Винеа Винце |
||
| Управа | |||
| Држава |
|||
| Општина | Виница | ||
| Градоначалник | Емил Дончев (ВМРО-ДПМНЕ) | ||
| Географија | |||
| Население | |||
| Население | 10.863 (2002) | ||
| Густина | 46,08 ж./km² (2002) | ||
| Етнички групи | Македонци | ||
Виница е град во источниот дел на Македонија, и центар на Општина Виница. Градот имал 10.863 жители според пописот од 2002.
Содржина |
Името Виница потекнува од зборот вино, бидејќи подрачјето на Виница во минатото било познато по своите лозови насади. На теракотните икони пронајдени на локацијата Виничко Кале, името на градот е запишано како Винеа или Винце.
Градот Виница се наоѓа во подножјето на планината Плачковица, помеѓу планините Голак и Обозна, во југоисточниот дел на Кочанско-виничката котлина, на северниот брег на реката Брегалница. Низ Виница течат и повеќе помали реки, меѓу нив и реките Виничка и Градечка. Градот Виница е познат по исторската римска тврдина Виничко Кале, која се наоѓа на ридот над градот. Во неа се пронајдени познатите ранохристијански теракотни икони.
Подрачјето на Виница било населено во времето на неолитот (од 12 до 6 век п.н.е.), според пронајдените материјали од Виничко Кале и околните археолошки локации. Во антиката, подрачјето го населиле Пејонците. Сегашниот град потекнува од Византиска тврдина, која била центар на производство со вино. Лозните насади на виничкиот рид биле напуштени по 1980 кога поактивно започнале археолошките истражувања. [1]
Во Виница има две основни училишта ОУ „Славчо Стојменски“ и ОУ „Гоце Делчев“, едно средно училиште СОУ „Ванчо Прке“ и градската библиотека „Ванчо Прке“ која е изградена во 1946. Во градот дејствува и домот на културата „Тошо Арсов“ кој е центар на сите културни случувања, кино сала, детска градинка, здравствен дом, базен, метеоролошка станица, музеј „Теракота“ и центар за едукација на деца и млади. Во гардот има две православни цркви, градската црква посветена на “Св.Архангел Михаил„ и црквата “Св. Јоаким„ во Јакимово. Заштитник на градот Виница е Архангел Михаил. Во Виница дејствуваат две музички групи, Распеани Виничани и Јана, и фолклорна група Китка.[2][3]
Во околината на Виница и во самиот град постојат следниве археолошки локалитети:
Според пописот на населението од 2002, Виница има 10.863 жители.[4] Етничкиот состав на населението во градот Виница е:[4]
Главни гранки на стопанството во Виница се земјоделството и текстилната индустрија. Најмногу се одгледува житната култура ориз, која е значителна за Виничко-кочанската котлина. Во минатото населението се занимавало со одгледување на грозје и производство на вино. Од индустриските гранки најзастапени се текстилната и мебелната индустрија, а во Виница има и фабрика за призводство на земјоделска механизација „Агро Бар“ и фабрика за покривен цреп „Тондах“. Меѓу поголемите претпријатија се „Виничанка“, „Винка“, „Трико“, „Треска“ и „Мебел-Ви“. Во градот има голем број на продавници, кафулиња, ресторани, ноќен клуб и три хотели.
Според обштинскиот гласник, во Виница има 4000 вработени лица.
Градот располага со богат растителен и животински свет. Подрачјето овозможува одгледување на култури, како што се оризот, пченицата и пченката, а во повисоките подрачја е богат со пасишта и шуми. Градот има богати насади со дрво од вид топол и орев. Виница е богата со термоминерални води, а подрачјето на градот Виница содржи голем број минерали, како шо са: интрузивните камења-гранит, кварцот, фелдспатот, глината, карбонатот (лапорец), азбестот и железото.
Градот има локална телевизијска станица “ТВВ“ (Телевизија Виница), која го покрива регионот на Виница и Кочани. Во Виница има и една радио станица, “Радио Лакоста“ и гратски месечен весник “Винеам“.
Виница има еден фудбалски клуб, кој бил формиран во 1934 г, под името “Плачковица„. Клубот подоцна се викал Слога Виница, а денеска се вика “Филип II-Слога„. Во Виница има и Кошаркарски клуб “Славчо Стојменски„, карате клуб “Блатец„ и бадмингтонски клуб “Винчини„. Градот поседува спортска сала, стадион, и градско капалиште со два базени.
Виница беше домаќин на “младинското светско првенство во ракомет за жени„, кое се одржа од 21. јули до 3. август 2008 година.
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Стар Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип
| Дестинации од ВИНИЦА | |||||||||||
| Кочани | Истибања |
Делчево | |||||||||
| Зрновци |
|
Тработивиште | |||||||||
| Градец |
|||||||||||
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History