| Оваа статија не наведува никакви извори или наводи. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Вардар | |
|---|---|
| Вардар во Велес | |
| Извор | Вруток под Шар Планина |
| Устие | Егејско Море, Егејска Македонија |
| Држави во басенот | |
| Должина | 388 km |
| Надморска висина на изворот | 500 m |
| Просечно истекување | 174m³/s |
| Површина на сливното подрачје | 20.535 km² |
Вардар е најголемата река во Република Македонија и воопшто во Македонија. Долга е 388 km и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 km².
Вардар има навистина композитна речна долина поради редењето на клисури и котлини една по друга вдолж нејзиното течение. Реката извира во Вруток, неколку километри југозападно од Гостивар во северозападниот дел на Република Македонија. Продолжува да тече низ градот Гостивар и котлината Полог каде се влеваат неколку притоки: Лакавица, Маздрача, Пена, Бистрица, Ракита. Потоа преку Дервенската клисура навлегува во Скопската котлина каде прима вода од Лепенец, Треска, Пчиња и Маркова Река и минува низ Скопје. Минувајќи низ Таорската Клисура каде се влева Кадина Река, Вардар навлегува во малата Велешка котлина и минува низ Велес. Овде се вливаат реките Тополка и Бабуна. Потоа преку Велешката клисура навлегува во Тиквешката котлина каде се вливаат двете нејзини најголеми притоки Црна Река од десна и Брегалница од лева страна. Навлегува во познатата Демиркаписка клисура, а преку нејзе во Гевгелиско-Валандовската котлина каде што ја преминува грчката граница, минува низ Циганската клисура, и течејќи низ Солунското поле се влева во Егејското море во западно од Солун во Егејска Македонија.
80% од течението на Вардар се наоѓа Република Македонија, заради што територијата на денешна Македонија го носела името „Вардарска бановина“ во времето на Кралство Југославија.
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History