Берово


Берово
Официјално знаме на Берово
Знаме
Официјален грб на Берово
Грб
Локација
Локација на Берово

Временска зона : CET (GMT +1)
- лето : CEЛT (GMT +2)

Општи податоци
Име Берово
Поштенски код 2330
Повикувачки број (+389) 033
Автомобилска ознака ŠT
Официјално мрежно место berovo.gov.mk
Историја
Управа
Држава
Република Македонија
Општина Берово
Географија
Површина 598,07 km²
Надморска височина 986 m
Население
Население 7.002 (2002 [1])
Густина 23,31 ж./km²
Етнички групи македонци преку 90 %
Манастирот Успение на Пресвета Богородица
Дедо Иљо Малешевски, најпознатиот беровец

Берово е град во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските планини на површина од 595 km. Во негова близина се наоѓа и Беровското Езеро. Берово се наоѓа 161 km од Скопје, 47 km од Струмица и 52 km од Кочани.

Содржина

Географски карактеристики

Берово е сместено во источниот дел на Република Македонија во Малешевската Котлина на површина од 595 км. Богатство од букови, борови, дабови шуми го одредиле и неговото име "Малеш - планина". Општинскиот центар Берово и селските населби се сместени на периферијата на котлината.

Клима

Берово кој е дел од Малешевската Котлина, има умерено-континентална клима со модификација на климата во високите планински и рамнински делови. Локалитетот Берово има значително пониска средна годишна температура на воздухот од подрачјата на иста надморска височина во поширокиот дел на оваа котлина.На надморска височина од 800 м, средна годишна температура изнесува 11,1°C , а во Берово 8,7°C. Најстуден месец е јануари со просечна температура од -10°C,а најтопол месец е јули ,со просечна температура од + 18°C.Просечната годишна минимална температура е 2,8°C,а просечната максимална температура е 15,3°C. Најмногу врнежи има во месеците мај и јуни, како и во ноември, а најсушни се месеците август и септември. Просечниот годишен износ на врнежи е 672 мм /м³. Главен максимум паѓа во мај, просечно околу 76,8 мм /м³, а секундарен во ноември -64,3 мм /м³. Главниот минимум е во август, просечно со 37,6 мм /м³, а секундарен во февруари. Бројот на врнежливи денови годишно изнесува 118. Во просечната годишна сума на врнежи снегот зазема околу 15 % и се јавува од октомври до мај. Просечно,годишно има 42,2 дена под снежна покривка. Релативната влажност на воздухот се смалува од јануари до август, а потоа од декември се зголемува, а просечната влажност на воздухот е 76 %. Просечната годишна сума на траење на сончевото зрачење изнесува 2.347 часа или 6,4 часа дневно, со максимум во јули од 10,2 часа дневно, и со минимум во декември од 3 часа дневно.Во Беровската Котлина маглата е ретка појава, годишно има само 8,4 магливи денови. Појавата на град е ретка, просечно се јавуваат 2,9 дена со град. Сланата е со помала зачестеност и се јавува 70 дена во годината, од септември до мај. Во Беровската Котлина се јавуваат ветрови од сите 8 светски правци, но преовладува северниот, со зачестеност од 147 % и брзина од 2,4 м /сек., кој е најмногу застапен во јануари, февруари и во март

Етимологија на името

За тоа како го добило Берово своето име, постојат две верзии. Според првата, тоа го добило своето име по името на некој си сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот меѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека му припаѓала на овој сточар. Според втората верзија која е поверојатна името Берово произлегло од тоа што луѓето се береле(се собирале) на тоа место. Се поставува прашањето од каде се берело населението. Па од старите населби во месноста Туртела, Селцаа, Рибница,Раздоло, Клепало, Добри Лаки и други, а подоцна и од другите Малешевски села.


Население

Според пописот од 2002 година, во градот Берово живеат 7002 жители[2], од кои:

Националност Вкупно
македонци 6 404
албанци 0
турци 91
роми 459
власи 6
срби 14
бошњаци 3
други 25

Стопанство

Населението во градот и целата Малешевска област се занимава претежно со земјоделство. Поради специфичноста на земјиштето во Малешевијата најмногу се одгледува компир по кој Берово е доста познат. Исто така Берово е познато и по Беровското бело сирење. Со планот за изградба на граничен премин кон Бугарија со кој Берово би се поврзало со Сандански значајно би се подобрило стопанството на целиот регион.

Историја

Во селото Разловци во близината на Берово, во 1876 година е дигнато познатото Разловечко востание на чело со легендарниот македонски револуционер од овој крај Димитар Поп-Георгиев Беровски кој е роден во градот Берово.

Цркви

Манастир Св. Архангел (женски манастир)

Манастирот "Св. Архангел" што се наоѓа во Берово е единствениот манастир кај нас во кој непрекинато се одвива монашки живот веќе 153 години, токму онолку колку што се стари и конаците. Манастирот е женски, а монаштвото го започнала сестра Евгенија во 1848 година. За изградбата на црквата "Св. Богородица" и зачетоците на сестринството во манастирот, во Берово се раскажува легенда за која дури и црквата вели дека е вистинска случка.[1]

Манастир Успение на Пресвета Богородица (машки манастир)

На ова место имало црква посветена на Успение на Пресвета Богородица која била обновена и прилагодена за монашки живот, па со тоа е преобразена во Манастир. Во 2002 година, од Водочкиот манастир со благослов на владиката Наум тука се доселило тричлено братство. Така за првпат во Берово беа ставени почетоците на машкото монаштво. Самиот локалитет има посебно значење за беровчани, како место на поклонение и молитвено почитување на Пресвета Богородица.


Археолошки локалитети


Инфраструктура

Градот Берово се наоѓа во источниот дел на Република Македонија и е поврзан со сообраќајниот систем на државата само со системите на патна мрежа и меѓуградскиот сообраќај на патници. Општината Берово е поврзана со два регионални патни правци према внатрешноста на Република Македонија, со:

  • Р-527-Кочани-Виница-Берово-Клепало (граничен премин) и
  • Р-523-Делчево-Пехчево-Берово-Струмица и
  • Р-524-Берово-Клепало (граница Р. Бугарија), кој не е активен поради неоформеност на структурата од страна на Република Бугарија, но има одобрено средства од Европска Унија и од октомври 2005 година, е почнат со изградба.
  • Р-603-Берово-Подареш-Радовиш е во форма на проектирање. Сите селски населби од општината се поврзани со градот Берово со асфалтирани локални патишта. Локалните патишта се со вкупна должина од 26,4 км и 109,94 ха од кои 14% се неасфалтирни земјени патишта. Од градските улици 27,94 км се асфалтирани и зафаќаат површина од 175,8 м2.

Основната улична мрежа на градот Берово ја сочинуваат ул. “Маршал Тито”, која се протега во источниот дел на градот и минува по целата негова должина и е дел од регионалниот патен правец Р-524 Берово- Клепало; ул “Новопроектирана” е обиколната сообраќајница поставена северозападно од градот и е дел од регионалниот патен правец Р-523 Делчево, Пехчево, Берово, Струмица; ул ”Борис Кидрич”; ул “Гоце Делчев”; ул “Партизанска”; ул “23ти Август” и ул “Илинденска”. Локалниот транспорт помеѓу Берово и околните населени места се одвива со јавен автобуски превоз, такси превоз и велосипеди или мотори. Во центарот на градот се наоѓа меѓуградската автобуска станица. Преку меѓуградскиот автобуски превоз Берово се поврзува со другите градови во државата и надвор од неа. Со отворање на граничниот премин према Република Бугарија се очекува да се зголеми фрекфенцијата на автобуси и патници

Култура

Музеј На Град Берово

Овој објект, за кој беровчани се сентиментално врзани бидејќи е еден од препознатливите елементи на градот. изграден е на крајот на 19 век, па до осумдесетите години на минатиот век имал различна намена, секогаш поврзана со дел од административните функции на градот- училиште, суд, библиотека. За жал, после тоа беше оставен на забот на времето, кој го претвори во непријатна глетка во самиот центар на Берово, опасна зона за пешаците поради елементите кои паѓаа и прашање на време беше моментот кога зградата ќе се урне. Но во соработка со невладините организации Амброзија и Берани најпрвин се обезбедиле средства за реконструкција преку проектот на Светска банка „Развој на општините и културата“. Сега објектот ги има сите атрибути што ги заслужува еден музеј

Домот на културата “Димитар Беровски“-Берово

Домот на културата “Димитар Беровски“-Берово е единствената институција од областа на културата и главен двигател на сите случувања од областа на културно забавниот живот во општина Берово. По ослободувањето во 1946 година за потребите кои се наложувале во Берово бил формиран “Работнички универзитет“ и “Народна библиотека“. Се организирале вечерни школи за описменување на населението, разни курсеви за потребите на работните организации, се одржувале предавања и трибини за општествено политичките односи и случувања во земјата.

Преку “Работничкиот универзитет“ кој го добил името Моша Пијаде, делувале и фолклорни групи и поединци кои по повод на значајни државни празници настапувале во Берово и населените места во општината, а сосема ретко и надвор во другите градови во Македонија. Покасно во составот на Работничкиот универзитет “Моша Пијаде”, било отворено и првото кино во Берово. Кино “Малеш“ како што било именувано најпрвин почнало со работа во старата сала “Соколана” како што била наречена пред војната, а тогаш преименувана во “Партизан”. Во 1953 година со доброволан работа “ангарија” била изградена кино сала, која и денес постои, а во која покрај ретките кино престави се одржуваат и концерти, театарски престави и други слични манифестации. Кон крајот на шеесетите години било отворено првото јавно гласило во општината “Радио Берово” кое во составот на Домот работи до крајот на седумдесетите, кога се оделува и работи како самостојно правно лице.

Личности

Родени во Берово

  • Димитар Ацев (1893 - 1923), македонски комунист
  • Димитар Поп Георгиев Беровски (1840 - 1907), македонски револуционер
  • Дедо Иљо Малешевски (1805 - 1898), македоснки ајдут и револуционер
  • Константин Поп Георгиев, македонски револуционер
  • Марија Поп Георгиева, македонска ајдутка, сестра на Дедо Иљо Малешевски
  • Никола Малешевски (1852 - 1935), македонски револуционер
  • Борче Арменски[2] (1991 - 2???), истакнат македонски Ди џеј и електронски продуцент.
  • Никица Клинчарски (1957 - 20??), поранешен играч на Партизан и на Југославенската фудбалска репрезентација.

Починати во Берово

  • Ацо Караманов (1927 - 1944), партизан починал кај местото наречено превалец

Референци

Надворешни врски


Дестинации од БЕРОВО
Митрашинци Пехчево
 
Русиново
С
З И
Ј
Струмица Беровско Езеро
 
Сандански






stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History