| Оваа статија не наведува никакви извори или наводи. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Љупчо Арсов | |
| македонски револуционер, народен херој и државник | |
| Роден | 9 мај 1910 Штип |
|---|---|
| Починал | 1986 Скопје, Социјалистичка Република Македонија |
Љупчо Арсов (9 мај 1910 - 18 ноември 1986) е македонски народен херој, револуционер и републички функционер за време на СРМ. Прогласен е за Народен херој на Југославија и Јунак на социјалистичкиот труд. Носител е и на Партизанска споменица 1941.
Пред Втората светска војна работел како банкарски службеник. Завршил Комерцијална и економска школа во Загреб. Уште од студентските денови се вклучил во напредното младинско движење. Член е на Комунистичката Партија на Југославија од 1940.
По окупацијата во 1941 година се вратил во Македонија. Во јули 1942 година е уапсен и интерниран во Бугарија. По излегувањето од затвор во 1943, бил секретар на Окружниот комитет на КПЈ за Македонија во Штип, политички комесар на Првата оперативна зона, член на Обласниот комитет на КПМ во Скопје, член на ГШ на НОВ и ПОМ, член на Бирото на ЦК КПМ, член на Петтата оперативна зона. Во летото 1944 година станува член на ЦК КПМ. Учествува на Првото заседание на АСНОМ на кое е избран за секретар на Президиумот на АСНОМ.
По војната, бил потпретседател и министер за финансии во Првата народна влада на НР Македонија. Од 1953 до 1960 е Претседател на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија (функција рамна на премиерска) со едногодишен мандат. Од 1967 до 1971 е претседател на Републичкиот комитет на Сојузот на социјалистичкиот работен народ на Македонија (нешто како политичка партија, чиј наследник е Социјалистичката партија на Македонија).
Трагично загинува во Скопје во 1986 година.
|
||||||||||||||||||||
stock | retire | vm
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History